ПАНЦЕРОТИ СО СИРЕЊЕ, МЕКИ КАКО ПАМУК…Не впиваат ни капка масло…Едноставен и лесен рецепт…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (Се мери со чаша од 200 мл):
За тесто:
6 чаши брашно
3 чаши топла вода
1 кесичка инстант квасец
1 рамна лажичка шеќер
1 полна лажичка сол
За фил:
Ситно сирење/урда/кашкавал или по желба
За пржење:
2 чаши масло
ПОСТАПКА:
1.Во топлата вода раствпорете ги квасецот и шеќерот со една чаша брашно. Мешајте за да нема грутчиња, покријте и оставете 15 минути да се активира квасецот. Ова ќе помогне тестото да не мириса на квасец и ќе биде полесно и повкусно.
2.Потоа постепено додајте ги преостанатите 6 чаши брашно и солта, па замесете меко тесто кое малку е лепливо на рака. Месете го 5 минути за да добие еластичност и да биде растегливо. Повторно поклопете го и оставете го да ферментира половина час.
3.Откако тестото ќе го зголеми волуменот, истресете го на набрашнета површина и со набрашнети раце нежно валајте го да добиете векна. Не го гмечете, работете нежно со него и оставете да си прими брашно онолку колку што му е потребно.
4.Исечете го на 13-15 дела и од секој дел обликувајте топче. Покријте ги топчињата и оставете ги да одморат 10 минути.
5.На набрашнета површина со прстите од рацете отворете го секое топче во тенка кора како мекица, на едниот крај ставете фил и преклопете. Со прстите затворете ги краевите од тестото за да не истекува филот, а потоа отсечете го вишокот тесто.
6.Оставете ги покриени 5-10 минути додека се загрева маслото во широка тава. Спуштајте ги во умерено загреаното масло (на средна температура!) и пржете ги од сите страни додека убаво да заруменат. Постапката погледнете ја ОВДЕ.
https://youtu.be/5dlWEMF0Zx8?si=v-Mwokc1Lt0tQGBK