„ПАМУКЧИЊА“…Можете веднаш да ги изедете, а можете и да ги замрзнете…меки и многу вкусни печива…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 чаша млако млеко (200 мл)
1 чаша млака вода (200 мл)
1/2 чаша масло (100 мл)
2 белки
2,5 лажици шеќер
1 лажичка сол
5,5 чаши брашно (+-)
1 лажица сув квасец
за премачкување:
50 г путер

За фил:
рендан чедар/кашкавач по избор

За премачкување одозгора:
2 жолчки
1 лажица масло
семе од афион

ПОСТАПКА:

1.Во садот за месење измешајте ги сите состојки освен брашното. Потоа, Постепено додајте го брашното со солта и замесете меко тесто кое не се лепи за рака.

2.Оставете го да ферментира покриено 1 час, а потоа поделете го на 9 топчиња.

3.На набрашнета површина отворете едно топче во тенка кора и и преку целата површина премачкјате ја со омекнат путер. Кората исечете ја 4 еднакви дела.

4.Од Пошироката страна ставете фил, па свиткајте како кифла, а потоа како полжав.

5.Подготвените печива наредете ги на плех обложен со хартија за печење, покријте ги иоставете ги да одморат 15 минути, додека се загрева рерната на 180-200 степени.

6.Премачкајте ги со смесата со жолчка и масло. По желба, посипете семе од афион.

7.Печете ги во загреана рерна на 180 степени додека да заруменат. Постапката погледнете ја ОВДЕ.