ПАМУК ПЕЧИВА…Ќе ве воодушеви текстурата и вкусот, како и едноставноста со која се прават…Затоа овој рецепт е ценет од сите…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (чаша од 200 мл):

1 чаша топла вода (200 мл)
1 чаша топло млеко (200 мл)
2 лажици шеќер (40 г)
1 кесичка инстант квасец (10 г)
1/2 чаша масло (100 мл)
1 лажичка сол (8 г)
6 чаши брашно (720 г)

За премачкување на тестото:
100 г путер
За премачкување на печивата:
1 жолчка од јајце

ПОСТАПКА:

1.Водата, млекото, квасецот и шеќерот измешајте ги во подлабок сад. Додајте масло и сол и промешајте. Со постепено додавање на брашното замесете меко тесто кое не се лепи за рака.

2.Покријте го тестото и оставете го да ферментира 30 минути или додека убаво да го зголеми волуменот. Потоа, лесно премесете го и поделете го на 10 еднакви парчиња.

3.Топчињата тесто наредете ги во намастена чинија, намастете ги и нив, покријте ги со кеса и крпа и оставете ги да одморат 10 минути.

4.Потоа намастете ја работната површина и извадете ги топчињата и наредете ги наопаку. Врз секое топче ставете по една лажичка мек путер. Секое топче со дланките и прстите развлечете го тенка кора и премачкјате го со путерот.

5.Преклопете два краја за да добиете правоафолник. Повторно премачкјате со путер и свиткајте како кифла-ролат. Повторете ја постапката со преостанатите теста.

6.Подготвените печива наредете ги на плех обложен со хартија за печење. Покријте ги повторно и оставете ги да одморат уште 15 минути.

7.Премачкјате ги со жолчка во која сте додале лажичка масло, па со нож направете засеци. Ставете да се печат во загреана рерна на 190 степени додека да порумени. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://youtu.be/deBbfPLWJu0?si=UA0mKi2U8ydft6U3