Палачинки од рерна…Меки, превкусни и најбрзиот рецепт
Ако сакате палачинки, но немате време да стоите покрај шпоретот, овој рецепт е идеален за вас! Палачинките од рерна се едноставни, брзо се подготвуваат и вкусни. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
3 јајца
1 кесичка ванилин шеќер
400 мл млеко (две чаши од 200 мл)
2 лажички масло
8 лажици брашно (околу 200 г)
1 прстофат сол
ПОСТАПКА:
Изматете ги јајцата со ванилиниот шеќер додека да се раствори шеќерот. Додајте млеко и масло, па сè добро измешајте.
Постепено додавајте го брашното и прстофат сол, матејќи со жица или миксер додека да добиете мазна смеса без грутчиња.
Најголемиот плех обложете го со хартија за печење и рамномерно истурете ја смесата.
Ставете да се пече во загреана рерна на 200°C околу 15 минути, додека палачинката да порумени и нарасне.
Извадете од рерна, оставете кратко да се излади, па исечете на парчиња по желба. Постапката погледнете ја во видеото ОВДЕ: