Оваа вечера од зеленчук може да се јаде и навечер…нема да ве здебели…Толку е здрава и вкусна, што ќе ја правите секој ден…

Доколку немате идеја што да подготвите за вечера, еве еден брз рецепт за лесна тенка-пита од зеленчук која можете да ја јадете и следниот ден. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

10 г прашок за печиво (1 кесичка)
4 јајца
сол и црн пипер по вкус
40 мл маслиново масло
40 мл млеко
120 г брашно
2 компири
2 моркови
1 страк праз
500 г зелка
1 пиперка
10 г магдонос
100 г рендан кашкавал
сусам

ПОСТАПКА:

1.Произволно исечкајте го зеленчукот (можете да исечкате или изрендате, како што сакате), соединете сè во еден сад, додајте магдонос и добро измешајте.

2.Потоа изматете ги јајцата, додајте млеко, маслиново масло, сол, црн пипер и зачини по вкус, сè убаво измешајте и потоа додајте брашно и прашок за печиво.

3.Сипете ја смесата во садот со зеленчукот. Сите состојки убаво измешајте ги и истурете ги во плех обложен со хартија за печење.

4.Распоредете рамномерно и печете 20 минути во рерна загреана на 180 степени.

5.Извадете ја питата од рерна, посипете одозгора рендан кашкавал и сусам (црн и бел), па вратете да се допече уште 15 минути.

Исечете ја на парчиња и вечерата е подготвена за послужување. Постапката погледнете ја ОВДЕ.