ПОСНА РУСКА САЛАТА ЗА 15 МИНУТИ…Гостите се воодушевени, прво таа се изедува…Ќе ве воодушеви со вкусот, пробајте ја…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

450 г мешавина зеленчук за руска салата (компир, морков, грашок)
350 г посни макарони
100-150 г ситно сечкани кисели краставички
250 г посен мајонез
сол по вкус

ПОСТАПКА:

1.Смрзнатата зеленчукова мешавина сварете ја во вода, до моментот кога зрната грашок ќе омекнат, а тоа е 8-10 минути од моментот на зовривање.

2.Во посебен сад сварете ги тестенините според упатството на амбалажата, а потоа процедете ги.

3.Додајте го сварениот и процеден зеленчук и измешајте. Оставете да се олади.

4.Додајте ситно сечкани кисели краставички, исцедете го вишокот сок и промешајте.

5.На крај додајте го посниот мајонез, зачинете по желба и промешајте. Постапката погледнете ја ОВДЕ.