Пишува: проф.д-р Мирко Ивкич, спец. по оториноларингологија и хирургија на глава и врат

Носот има заштитна улога, особено кога станува збор за пренос на респираторни воспаленија, па така и на инфекцијата со kopoна вирусот. Од почетокот на пандемијата со овој вирус, се говори за важноста од заштита на дишните органи.

Заштитните маски ги носиме за да ја намалиме можноста за влез на вирусот во организмот низ нос и уста, а дијагнозата на оваа болест се поставува врз основа на земен брис директно од слузокожата на носот.

Која е важноста на носот и што можеме да направиме за уште повеќе да го намалиме ризикот од зараза?

Носот не е само орган со функција за осет на мирис. Главната функција на носот му е дишењето. Меѓутоа, носот има исклучително важна заштитна улога и токму таа улога е особено важна во механизмот за пренос на сите респираторни воспаленија, па така и на инфекциите со коронавирусот.

Здравата слузокожа на носот ги штити сите дишни патишта, бидејќи го чисти и филтрира вдишаниот воздух, ја регулира температурата и влажноста на вдишениот воздух и на тој начин го подготвува за влез во белите дробови.

Слузокожата на носот има голема површина, а целата функционира како леплива лента. На површината од клетките на оваа слузокожа се наоѓаат ситни трепки кои се нурнати во слузав слој со одредена вискозност. На овој слој се лепат страни честички, нечистотијата од воздухот и микроорганизмите. “Трепките” ос слузокожата го движат слузниот слој кој носниот дел во ждрелото, по што содржината ја голтаме.

ВАЖНОСТА НА СЛУЗОКОЖАТА ОПД НОСОТ ВО ЗАШТИТАТА НА ИМУНИТЕТОТ

Вториот дел од заштитната функција на носот се однесува на имунолошкиот систем. Слузокожата на носот има важна улога во вродениот имунитет, овозможувајќи примарна одбрана од вдишени вируси, бактерии и други микроскопски честички и организми.

СЛУЗОКОЖАТА НА НОСОТ Е ПРВА НА УДАР НА KOPOНА ВИРУСОТ

Чувањето и одржувањето на здравјето на слузокожата на носот е исклучително важбо, бидејќи на тој начин ја одржуваме природната бариера и ја намалуваме можноста од инфекција со kopoна вирусот. Станува збор за високовирулентен респираторен вирус со значителна присутност во слузокожата од носот и горниот дел од ждрелото (назофаринкс).

Тој вирус ја “сака” и се колонизира во слузокожата од носот, бидејќи му одговара таа средина и подлога која е исклучтелно добро снабдена со крвни садови, а жлездите кои лачат слуз во носот дополнително создаваат влажно опкружување кое особено му одговара на вирусот.

Здравата носна слузокожа е природна бариера против ширењето на вирусот, додека оштетената носна бариера kopoна вирусот многу полесно може да ја пробие и да го инфицира организмот. Кога имаме оштетување на носната слузокожа честопати ниту го забележуваме ниту го чувствуваме истото.

КАКО ДА СЕ СПРЕЧИ ПРОДОРОТ НА ВИРУСОТ?

Познато е дека после изложување, во рана фаза од заразата, најголемо оптеретување со вирусот трпи носната слузокожа. Се покажало дека физичкото отстранување на вирусот со испирање на носот е добра превентивна мерка за спречување од развој на тешки облици од болеста, а со неа се намалува и можноста од пренос на вирусот врз блиски лица.

Во текот на секоја вирусно воспаление на горните дишни патишта доаѓа до пореметување на лачењето на слузокожата во носот. Се создаваат поголеми количини и тоа, променета слуз. Поради отежната работа на “трепките” и успореното елиминирање, доаѓа до задржување на слузокожата во носот и затнување на истиот.

ИСПИРАЊЕ НА СЛУЗОКОЖАТА СО РАСТВОРИ

Испирањето на слузокожата од носот со раствори доведува до физичко отстранување на слој од слузокожата со сите заробени микроорганизми, но и материи кои поттикнуваат воспаление, а кои слузокожата ги лачи после контакт со вдишените штетни честички.

Со испирањето им се помага на “трепките” подобро и полесно да ја чистат слузокожата, таа дополнително се хидрира и се намалува отокот.

Испирањето на носот е општопозната и вообичаена мерка за нега на носната слузокожа кај децата кај кои акутните респираторни инфекти се почести. Испирањето кај возрасните обично се препорачува како редовна терапија за одржување на здравјето на носната слузокожа во случај на алергиски ринитис или хронично воспаление на синусите.

За испирање на носот се препорачуваат раствори со кујнска сол во одредени концентрации. Може да се испира и со хипертоничен раствор или физиолошки раствор.

Подготовка на раствор за испирање во домашни услови

Хипертоничниот раствор (кој најмногу се препорачува) лесно може да се приготви во секој дом. Доволно е во половина литар чиста дестилирана или претходно проварена млака вода да растворите една чајна лажичка кујнска морска сол.

Со помош на сад или систем за испирање на носот (рог за испирање) кој може да се купи во секоја аптека, исперете ја внатрешноста на носот со приготвениот раствор. Секако, постојат и готови фармацевтски производи со различна концентрација на морска сол и додатоци, кои исто така може да се употребат.

ГОТОВИТЕ РАСТВОРИ МОЖЕ ДА БИДАТ ВО ОБЛИК НА СПРЕЈОВИ ИЛИ РОГ-САДОВИ

Оптималната количина на раствор со кој се испира растворот е околу 200-250 мл за секоја страна од носот. Постапката е едноставна и одзема 5 минути време.

Доколку постои било каква неугодност или страв од влевање на течност во носот, испирањето може да се направи и со употреба на спрејови, со тоа што треба да се направат повеќе повторувања во текот на денот.

Испирањето е нештетно, а при испирањето може да се почувствува мало пецкање или неугодност во носот, односно слузокожата. Пецкањето после 10 секунди престанува.

Како оториноларинголог постојано сум во контакт со бројни пациенти и спаѓам во групата со голема изложеност на вирусот. Поради тоа, освен придржувањето на препорачаните препораки, секојдновно спроведувам и испирање на носот, а истото им го препорачувам и на моите пациенти.

Проф.д-р Мирко Ивкич, спец. по оториноларингологија и хирургија на глава и врат