Пишува: д-р Катарина Кукурузовиќ, лекар од општа пракса – Предности и мани на новите четири вакцини против kopoна вирусот.

Модерниот свет веројатно никогаш со толкаво внимание не ги исчекувал вестите за вакцината против некоја болест како што во последно време го следиме развојот на вакцината против SARS-COV-2, кој ја предизвикува болеста koвид 19.

Засега постојат четири типови вакцини против овој вирус кои се во процес на развој. Секој од нив има и предности и мани, па многу е важно да го разбереме принципот по кој секој од нив функционира.

Првиот тип вакцина е заснован на нуклеински киселини од вирусот. Овој тип на вакцина го развиваат Pfizer, Moderna, CureVac, Inovio, Sanofi и Translate Bio.

Механизмот на делување на оваа вакцина е создавање на имунолошки одговор на деловите од вирусот кои го активираат овој механизам, но не се доволно големи за да предизвикаат болест кај лицето што ќе ја прими оваа вакцина.

Вакцината се состои од делчиња од нуклеинската киселина на вирусот, но не можат да предизвикаат koвид, а сепак можат да активираат создавање на антитела и активација на цитотоксични Т-лимфоцити.

Предноста на овој тип вакцина е големата ефикасност и можноста брзо да се произведе голема количина. Маните на оваа вакцина се високата цена, како и тоа што најверојатно ќе бара и ревакцинација.

Вториот тип на вакцина е заснован на протеини од вирусот. Овој тип го развиваат Novavax, WRAIR, Sanofi и GSK.

За разлика од претходниот тип вакцина кој подразбира користење на делови од нуклеинските киселини на вирусот, овој тип вакцина користи делови од протеините на вирусот.

Организмот кој ќе ја прими оваа вакцина започнува да реагира на овие протеини со создавање на антитела.

Предноста на овој тип вакцина е тоа што оваа технологија веќе одамна е во употреба, бидејќи на истиот принцип функционираат и вакцините против хепатитис Б, ХПВ, голема кашлица, како и тоа што слободно може да им се даде и на лица кои се имунокомпромитирани. Маната на овој тип вакцина е тоа што бара ревакцинација.

Третиот тип вакцина е заснован на инактивиран вирус. Овој тип на вакцина го развива Институтот за биолошки проекти во Вухан, Синовац и Кинеската академија на медицински науки.

Механизмот на дејството на овој тип вакцина е создавање на имунолошки одговор со создавање на антитела. Предноста на овој тип вакцина е тоа што е испробан метод на имунизација (по истиот принцип функционираат вакцините за хепатитис А, беснило, детска парализа), како и можност за имунизација на имунокомпромитирани пациенти. Маната на оваа вакцина е тоа што бара ревакцинација.

Четвртиот тип на вакцина е заснован на вирусни вектори. Овој тип на вакцина го развиваат AstraZeneca, CanSinoBIO, Johnson & Johnson и Merck.

Вирусните вектори најлесно може да сфатат како пренесувачи или транспортери, а во овој случај тоа се вируси кои не се SARS-CoV-2, туку изменет аденовирус кој на себе носи делови од протеини на SARS-CoV-2.

На тој начин во организмот кој ќе ја прими оваа вакцина се активира имунолошкиот систем да произведува антитела и цитотоксични Т-лимфоцити.

Предноста на овој тип вакцина се можноста за брзо производство и тоа што е доволна монодоза, односно нема потреба од ревакцинирање. Маната на овој тип вакцина е тоа што се намалува нејзината ефикасност, доколку лицето е имуно на векторот. Исто така, примената кај имунокомпромираните пациенти би била под знак прашалник, бидејќи би можело да дојде до несакани ефекти предизвикани од векторот на вирусот.

д-р Катарина Кукурузовиќ, лекар од општа пракса