Фото и рецепт: Дана Дробњак – Пита со мак и ореви.

Потребни состојки:

250 мл газирана вода
1 лажица сув квасец
2 лажици шеќер
250 мл масло
600 г брашно

за фил од мак:

250 г мелен мак (афион)
125 г шеќер во прав
150 г џем од сливи

за фил од ореви:

250 г мелени ореви
125 г шеќер во прав
150 г џем од кајсии

За премачкување:

Џем од кајсии
Мелени ореви

Постапка:

Во 250 мл млака газирана вода ставете лажица сув квасец, па оставете 5 минути, додадете 2 лажици шеќер, 250 мл масло и брашно. Замесете го тестото, добро изработете го и поделете го на 3 дела.

Помешајте 250 г мелен мак (семе од афион) со 125 г шеќер во прав. Помешајте 250 г мелени ореви со 125 г шеќер во прав. Развлечете еден дел од тестото и ставете го во намастен калап за печење со величина 20х35 м. Преку кората премачкјате 150 г џен од сливи и распоредете ја мешавината од мелен мак и шеќер.

одозгора ставете ја втората развлечена кора, па премачкјате со џем од кајсии и одозгора наросете мешавина од мелени ореви и шеќер. Развлечете ја третата кора и ставете ја најгоре.

Питата оставете ја да стасува половина час, на неколку места избоцкајте ја до дното со чепкалка и ставете ја да се пече во загреана рерна на 180 степени околу половина час.

Печената пита превртете ја врз тацна за послужување, така што слојот со мелен мак да биде горе. Додека е сè уште топла, питата премачкјате ја со џем од кајсии и наросете ја со мелени ореви.

Фото и рецепт: Дана Дробњак