Откако го открив овој рецепт, тиквичките повеќе нема да ги пржам – нешто највкусно што сме јаделе досега

Чипс од тиквички, похувани тиквички, мусака со тиквички, уштипци од тиквички, полнети тиквички, пржени, готвени, печени…безброј комбинации сум испробала досега, но првпат ги приготвувам на овој начин – и сите бевме воодушевени од вкусот.




Пробајте го и вие овој рецепт, бидејќи многу е лесен и едноставен за подготовка, а добивате едно многу вкусно јадење кое е одлична идеја за појадок, вечера или закуска, па дури може да се послужи и како прилог на некое јадење.




Потребни состојки за кора: 2 тиквички со средна величина, 5 јајца, сол и црн пипер по вкус, 40 г рендан пармезан. За намаз: 200 г крем сирење, 2 чешниња лук, копар (свеж или сув), кој сака може да збогати со 8 тенко исечени листови шунка или нешто по вкус.




Постапка: тиквичките убаво измијте ги со ладна вода, а потоа отстранете им ги тврдите краеви. Едната тиквичка изрендајте ја (нелупена) на крупно ренде, а втората тиквичка на тенки ленти-кругови. Сечете ги многу тенко, или со помош на ренде.




Во посебен сад пенасто изматете пет јајца со жица-маталка. Додајте половина лажичка сол и половина лажичка мелен црн пипер (или по вкус). Додајте 40 г пармезан и ренданата тиквичка (не треба да се исцедува).




Промешајте со лажица или шпатула додека да се соединат состојките. Сега можете да ја вклучите рерната да се загрева на 180 степени. Плех со димензии 25х35 см малку намастете го и обложете го со хартија за печење.




Смесата од јајца и рендани тиквички истресете ја во подготвениот плех и рамномерно распоредете ја. Израмнете, па одозгора наредете ги тенко исечените тркалца од втората тиквичка.




Редете ги така што секое претходно крукче да го поклопува следното до половина. Вака подготвените тиквички ставете ги во загреаната рерна да се печат дваесет минути на 180 степени.




За тоа време во една чинија ставете 200 г крем сирење. Додајте ситно исечкани две чешниња лук и две лажички свежа или сува мирудија / копар (подобро е ако имате свежа, но може и сува или некој друг зачин по ваш вкус)




Промешајте го намазот додека убаво да се изедначат состојките. Печените тиквички извадете ги од рерна и со помош на хартијата извадете ги од плехот. Врз кората од тиквички ставете уште еден лист хартија за печење и оставете малку да се олади.




Потоа внимателно превртете ги и отстранете ја хартијата на која се печеа. Врз изладената кора нанесете го приготвениот намаз и рамномерно распоредете го преку целата површина.

Одозгора наредете тенки листови сува печеница или шунка (не мора), па внимателно свиткајте го ролатот со помош на долната хартија. Оставете го во фрижидер да се лади и да се стегне најмалку еден час. Потоа можете да го сечете и послужите. Деталите од постапката погледнете ги ОВДЕ.

Претходна статијаЈаболка полнети со ореви, мирисни, вкусни и сочни
Следна статијаКога сакате нешто брзо и вкусно, одберете го ова: потпечено компир пире со вкусни додатоци, многу подобро од помфрит