Може да биде богата вечера или вкусен ручек, но можете да го послужите и како предјадење, закуска или прилог на главното јадење. Вашите гости ќе бидат воодушевени.




Компирот го приготвуваме на триста различни начини и секојпат е најчестиот прилог на јадењата со месо (иако нутриционистите не се согласуваат со комбинацијата на овие две намирници).




Овојпат од компир пирето направете вкусна вечера, а во него додајте малку ситно сечкана сланина, чадено сирење / кашкавал и ситно сечкана пиперка, па потпечете го во рерна. Ќе добиете совршен оброк кој ќе го обожавате.




Потребни состојки: 700 г компир, 150 г димена сланина / панцета (или по ваш избор), лут зачински црвен пипер, 1 црвена пиперка, 75 г димено сирење / кашкавал (или по ваш избор), младо кромитче




Постапка: компирот убаво измијте го со ладна вода и излупете го, а потоа исечете го на помали парчиња приближно со еднаква величина за да можат рамномерно и истовремено да се сварат.




Сварете го компирот во тенџере со вода и додајте една лажичка сол. Кога компирот ќе омекне (проверете со виљушка), процедете го од водата и испасирајте го убаво, да добиете пире без грутчиња.




Панцетата / димената сланината ситно исечкајте на мали коцки, а потоа ставете ги во нелеплива тава и зачинете ги со чили пиперче во прав. Пржете со постојано мешање додека сланината да ја испушти маста од себе.




Една црвена пиперка исчистете ја од дршката и семето, па и неа исечкајте ја на ситни коцкички. Додајте ја во пржената сланина и продолжете да динстате со постојано мешање уште 10-тина минути или додека да омекне.




Изрендајте 75 г димено сирење / кашкавал или одберете по ваш избор. Пржената мешавина од сланина и пиперка додајте ја во компир пирето и промешајте да се изедначи.




На крај додајте го и ренданиот кашкавал, ситно сечкано младо кромитче па дополнително промешајте. Плехот во кој ќе печете намастете го со масло и формирајте топчиња со лажица или прстенест калап кој претходно ќе го намастите за да не лепи.




Истиот ефект би можеле да го постигнете и доколку формирате ќофтиња со добро намастени дланки. Формираните парчиња пире премачкјате ги одозгора со масло, наросете сусам и ставете ги во загреана рерна на 180 степени да се запечат 15-тина минути. Деталите можете да ги погледнете ОВДЕ.