Home ТЕСТО Никогаш не сме пробале повкусни од овие…ПОГАЧИЦИ кои се топат во уста...

Никогаш не сме пробале повкусни од овие…ПОГАЧИЦИ кои се топат во уста (20 минути печење)!

Никогаш не сме пробале повкусни од овие…ПОГАЧИЦИ кои се топат во уста (20 минути печење)!

Погачиците со сирење се многу едноставни, но многу вкусни. Со премачкување и посипување со различни додатоци може да се направат во различни комбинации на вкусови. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

400 г свежо кравјо сирење или намаз
400 г брашно
300 г путер на собна температура
1 лажичка сол
1 прашок за печиво
1 жолчка за премачкување
ким, сусам, афион, пармезан и слично за посипување

ПОСТАПКА:

Во длабок сад измешајте сирење, брашно, путер, сол и прашок за печиво. Добро измесете ги состојките со рацете за да добиете мазно, еднолично тесто.

Подготвеното тесто обликувајте го во дебела коцка и завиткајте го во проѕирна фолија. Оставете во фрижидер до следниот ден (8-12 часа).

Загрејте ја рерната на 180 степени. Работната површина набрашнете ја и развлечете го тестото до дебелина од половина сантиметар.

Исечере во коцки или облици по ваша желба и наредете ги во плех (40×30 см) обложен со хартија за печење. Одозгора премачкјате ги со жолчка и посипете ги со семе по желба.

Ставете во загреана рерна на 180 степени 15-20 минути. По печењето оставете ги да се изладат десетина минути на плехот.

Потребно време

Подготовка: 20 минути
Одмор, ладење на тестото: 8-12 часа
Печење: 15-20 минути