Овен

Припадниците на овој знак се болно посесивни и сакаат на партнерот да му ја одземат целата слобода.

Често се вљубуваат во оние кои тешко може да ги освојат и не признаваат пораз се додека потполно психички не се уништат. Доста се несредени. Кога ќе видат дека сте биле во право нема да ви признаат, тие никогаш не ги признаваат своите грешки.

Тие не веруваат во хороскоп. Немаат нежност, себични се и нападни, не му се препуштаат на партнерот туку сакаат тие да ги диктираат правилата.

Рак

Посесивни до крај, умеат да се навредат ако обично „добро утро“ не сте го посакале во правилна интонација. Го менуваат расположението како ќе им текне , а со емотивна потреба да тормозат некого често пати го мамат и лажат партнерот.

Ако ги обвините за лага дури тогаш ќе имате проблем. Ќе плачат и тажат со денови.

Ракот ја менува својата личност од крајност во крајност – еден ден ќе се претвори во вашиот најлош непријател и емотивен садист, додека следниот ден ќе биде повторно онаа стара личност со блага амнезија.

Скорпија

Мажот Скорпијае посесивен и љубоморен сопруг. Со него тешко може да се достигне среќа во бракот.

Непријатните ситуации можат да се избегнат доколку сопругата постојано му ја покажува својата голема љубов. Не сака ладни и доминантни жени, бидејќи смета дека е „глава“ на семејството.

Лав

Лавот сака да биде центар на светот. Смета дека сите во семејството треба да му бидат подредени. Како родител, воопшто не е строг, бидејќи самиот е едно големо дете. Неговата сопруга мора да биде убава, негувана и секогаш дотерана.

Но внимавајте, лавот ќе сака да ве врзе дома, а тој нема да се воздржува од своите страсти. Тој многу ќе се возбуди доклку сакате и вие да си ги овозможите убавините на животот!