Home пита Домашна, вкусна, сочна пита со компири…многу вкусно посно јадење, прсти да излижеш…

Домашна, вкусна, сочна пита со компири…многу вкусно посно јадење, прсти да излижеш…

Домашна, вкусна, сочна пита со компири…многу вкусно посно јадење, прсти да излижеш… Оваа пита е вистински специјалитет, особено за љубителите на месеното. Питата е посна, па одлична е за денови во пост. Еве што ви е потребно:

Состојки за тестото: 700 г брашно, 1 лажичка сол, 2 чаши вода, масло, малку маргарин

Состојки за филот: 1 кг компири, 1 главица кромид, 3 лажички сол, 1 лажичка мелен црн пипер, 2 лажици масло

ПОСТАПКА: Во подлабок сад сипете го брашното, помешајте го со солта и со постепено додавање на вода замесете помеко тесто кое не се лепи. Истресете го на работна површина и поделете го на три дела.

Обликувајте топчиња. Малку сплескајте ги со рака, наросете ги со брашно и оставете да одморат 5-10 минути. Потоа развлечете ги во кори со големина на чинија.

Одозгора премачкјате ги со малку масло, а потоа и со малку маргарин омекнат на собна температура. Уште малку развлечете ги при премачкувањето, преклопете ги на половина и наредете ги врз набрашнета површина.

Покријте ги и оставете ги настрана да одморат додека го приготвувате филот. Компирите излупете ги и исечкјате ги на колку можете поситни коцкички. Додајте ситно сечкана главица кромид, посолете, запиперете, сипете малку масло и промешајте.

Потоа земете една кора и внимателно со рацете развлечете ја врз чаршав во тенка кора. Детално како се тегнат кори можете да прочитате ОВДЕ. Од двете страни на кората ставете фил и испрскајте ја целата кора со масло.

Со подигање на чаршавот свиткајте две тенки ролнички. Пресечете ја кората на половина за да ги одвоите, а потоа наредете ги во намастен плех.

Вака приготвените пити премачкајте ги одозгора со масло и ставете ги да се печат половина час во претходно загреана рерна на 250 степени. Печената пита додека е врела испрскајте ја со врела вода и премачкјате ја со масло.

Оставете малку да одмори, па сечете ја и послужете ја. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.