Можеби на секој агол има бурекчилница од каде можете да си купите убава пита-бурек, но мора да признаете, нема подобра од домашната.

Ова е оригиналниот рецепт објаснет чекор по чекор, па доколку сте љубители на домашното месено, испробајте го и уживајте во вкусот на традицијата. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 кг брашно тип 400 за пити и колачи, 100 мл масло, 20 грама сол, 500 мл вода

ПОСТАПКА: Од состојките замесете тесто, средно меко по цврстина. Оставете да отстои 15 минути. Од оваа количина на состојки добиваме 1 и 1/2 кг тесто кое го делиме на три дела, така што секое парче тесто содржи 1/2 кг.

Се става во плех и се премачкува со масло да се одмори. Кога правам пита, обично го месам тестото и го ставам во фрижидер да одмори.

Еден час пред да сакам да ја направам питата го вадам тестото од фрижидер да се загрее малку на собна температура и потоа да започнувам со развивањето.

Најпрво со оглагија го развивам до половина, па малку го растегнувам на рацете и потоа го испружувам на чаршавот.

Го мачкам со масло и што повеќе го развлекувам со рацете. Филувам во зависност од желбите на моите дома. Некои сакаат сирење, други кромпир, а некои (повеќето) со месо.

Кога сето тоа убаво ќе го филувам, питата повторно ја премачкувам со масло и секако ја печам во загреана рерна на 200°C.

Ако питата сте ја филувале со компир или месо, при печењето прелијте ја со мешавина од вода, масло и сол (200 мл вода, 50 мл масло и мала лажичка сол да зоврие и кога ќе се испече некаде до половина, питата ја заливам и ја враќам назад во рерната).

Секако, доколку имате поголема количина пита, заливот ќе биде во поголема количина. Можете да ги замрзнете сите пити, дури и онаа филувана со компир. Компирите исечкајте ги или изрендајте, зависи како ви се допаѓа.

Обично ги ставам во мултипрактикот, ги сечкам. Компирите ги мијам и ги ставам во топла вода да се варат само малку (неколку минути), но мора да се погрижите да ги промешате за да не паднат компирите на дното и да се залепат за тенџерето.

Кога ќе се сварат компирите, исцедете ги, додајте го кромидот што сте го пропржиле на масло, зачинете со црн пипер и секако сол по желба.

Со вака приготвените компири ги филувате корите и може да се стават во замрзнувач, нема да поцрнат. Пријатно, драги мои. Ако нешто заборавив, слободно прашајте, вели Стакица за Сооlinarika.сom