Крофнички меки како памук, а за кои не треба чекање, одлични за ненајавени гости – исти како од слаткарница
Меки, мирисни и воздушести крофнички што се прават без миксер и без чекање тестото да нарасне. Совршени се кога ќе ви дојдат ненајавени гости или кога сакате брз домашен десерт со состојки што секогаш ги имате дома.
Овие крофнички се прават побрзо отколку што исчезнуваат од чинијата. Меки, мирисни и готови за неколку минути – идеални кога ви се јаде нешто благо веднаш! Рецепт што успева и на почетници, пишува НМД. Еве што ви е потребно:


Потребни состојки:
* 4 јајца
* 2 кесички ванилин шеќер
* 5 лажици шеќер
* 400 мл течен јогурт
* 2 лажици масло
* ситно рендана кора од лимон
* 500 г брашно тип 500
* 1 и пол кесичка прашок за печиво
* масло за пржење
* шеќер во прав или крем по желба
* НМД


Подготовка:
Јајцата изматете ги рачно со жица за матење заедно со шеќерот и ванилиниот шеќер. Не ви е потребен миксер, смесата се подготвува навистина брзо.
Додајте го течниот јогурт и маслото, па повторно промешајте. За поубава арома додајте и малку ситно рендана кора од лимон.
Потоа постепено сипете го брашното измешано со прашокот за печиво. Мешајте додека не добиете густо, мазно тесто. Смесата треба да биде малку погуста од онаа за палачинки, слична на тесто за пандишпан.
Во тава загрејте масло. Прво загрејте на посилна температура, а потоа намалете на средна. Маслото треба да биде длабоко околу 1,5 см.
Натопете лажица во маслото, земајте од смесата и внимателно спуштајте ги крофничките во тавата. Пржете ги на умерена температура за убаво да нараснат однатре и да не загорат пребрзо.
Кога ќе заруменат од едната страна, превртете ги и испржете ги и од другата страна.
Готовите крофнички посипете ги со шеќер во прав или премачкајте ги со крем по ваш вкус.
Од оваа количина излегуваат навистина многу крофнички – меки, воздушести и неодоливи уште додека се топли.
Постапката можете да ја погледнете во видео прилогот ОВДЕ:





































