Home закуска Мојот омилен летен ручек: Сочни плескавици со тиквички и мелено месо

Мојот омилен летен ручек: Сочни плескавици со тиквички и мелено месо

Сочни плескавици со тиквички

Овој рецепт за сочни плескавици со тиквички е идеален избор за лесен летен оброк.

Комбинацијата од свежи тиквички и зачинето млено месо создава јадење што е едноставно за подготовка, а истовремено богато со вкус.

Плескавиците се совршени за ручек, ужина или за подготовка за цела недела, а може да се консумираат топли или ладни, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

– 150 г тиквички (1/2 парче)
– 500 г мелено месо
– 1 главица кромид
– 1 морков
– 1 јајце
– 2 лажици лебни трошки (презла)(
– 1 врзоп магдонос
– сол, по вкус
– црн бибер, по вкус
– растително масло, за пржење
– НМД

ПОСТАПКА:

1. Тиквичката изрендајте ја на крупно ренде, посолете ја и оставете ја да отстои 10 минути. Потоа, исцедете ја вишокот течност.

2. Кромидот и морковот ситно исечкајте ги или изрендајте ги.
3. Во длабок сад, измешајте го меленото месо, исцедените тиквички, кромидот, морковот, ситно исечканиот магдонос, јајцето и презлата. Додајте сол и црн бибер по вкус.

4. Добро измешајте ја смесата додека сите состојки се соединат.
5. Формирајте плескавици со големина по желба.

6. Во тава на средна температура загрејте малку растително масло. Пржете ги плескавиците по 7 минути од секоја страна, додека да добијат златно-кафеава боја и се целосно испечени.

7. Послужете ги топли или ладни, по ваша желба.

Добар апетит! Постапката можете да ја погледнете во видео прилогот ОВДЕ: