Фото и рецепт: Јелена

Потребни состојки за зелена кора:

4 јајца
150 г милерам или полномасна кисела павлака
1 лажичка сол
1 лажичка прашок за печиво
5 лажици остро брашно
400 г спанаќ, односно 170 г зготвен и добро исцеден

Постапка:

Одвојте ги жолчките од белките, изматете го снегот од белки, додадете сол, па една по една жолчките и на крај со лажица додадете го брашното помешано со прашок за печиво, киселата павлака и ситно сечканиот третходно сварен и добро со рака исцеден спанаќ (до последна капка). Промешајте ја смесата да се изедначи па распредете ја во тенок слој врз хартија за печење во некој плиток плех од рерна.

Печете во загреана рерна на 180 степени околу 15 минути. Пригответе влажна и чиста кујнска крпа, па печената кора ставете ја врз неа, одвојте ја хартијата и со крпата свиткајте ја во ролат. Оставете така да излади.

За средишниот фил е потребно:

4 тврдо варени жолчки
180 г шунка
1 лажица сенф
2 лажици путер
сол и црн пипер

Постапка:

Сите состојки одеднаш ставете ги во блендер и измиксајте ги во крем. Пригответе проѕирна фолија, па филот ставете го врз фолијата и свиткајте го како салама. Оставете во фрижидер добро да излади и да се стегне.

За белиот дел:

4 тврдо варени белки
2 лажици путер
100 г фета сирење
100 г крем сирење
малку сол по вкус

Постапка:

Исто како и за претходниот фил, сите состојки ставете ги во блендер, измиксајте, а овој крем префрлете го во некој сад и ставете го во фрижидер за да се излади и стегне.

Одвиткајте ја кората, премачкајте ја со белиот крем преку цела површина, во средина ставете ја “саламата” од жолчки, па свиткајте ја кората за да се формира ролат. Стиснете со рацете за убаво да се спои, свиткајте го ролатот во алу-фолија и уште еднаш ставете го во фрижидер за убаво да излади пред да го сечете и да уживате во овој деликатес.

Фото и рецепт: Јелена