Фотографија и рецепт на Гордана Данилов.

Потребни состојки: 500 г мелено јунешко месо, 150 г свежи домашни колбаси без обвивка, 100 г ситно сечкана, димена сланина, 1 главица ситно сечкан кромид, 1 чешне лук ситно сечкано, 2 јајца, 1 говедска коцка, мелен црн пипер, мускатно оревче, лута толчена пиперка, 1 лажица презла (лебни трошки) и 2 лажици кисела павлака

За кајгана: 4 јајца, морска сол, црн пипер, 1-2 лажици млеко или сурутка. И уште: 100 г сечкана печеница или суво месо по желба, маслиново масло за пржење

Постапка: Рерната вклучете ја на 200 степени за да се загрее. На загреано масло испржете го кромидот, па кога ќе застакли додадете ја сланината и лукчето, кратко пржете и тргнете од оган да подизлади.

Во поголем сад соединете го меленото месо со сите предвидени состојки, додадете го кромидот со сланината, замесете убаво, па смесата распоредете ја врз намастена алуминиумска фолија.

На загреано масло испржетеја кајганата, но не до крај и распоредете ја врз месото. Одозгора распоредете ја печеницата, па внимателно свиткајте го ролатот. Префрлете го во плех обложен со хартија за печење и печете во загреана рерна околу 35-40 минути. Пред сечење ролатот мора да одмори да одмори барем 15 минути.

Фотографија и рецепт на Гордана Данилов