Многу ги сакаме тестенините, а ова ни е омилениот рецепт…Пробајте го, тестенините излегуваат како да се приготвени во најдобриот италијански ресторан…Еве што ви е потребно:

Потребни состојки:

500 г тестенини,
3 лажици путер,
3 лажици брашно,
500 мл млеко,
2 шолји рендан кашкавал (гауда),
2 лажици милерам (кисела павлака),
4 лажици крем сирење,
сол, црн пипер

*Ако немате милерам и крем сирење, можете да ги замените со моцарела на пример, кисела павлака, течна павлака, топено сирење или слично. Во филот, исто така, можете да додавате и состојки по ваш вкус (шунка, сирење, мелено месо, печурки…)

Постапка: тестенините сварете ги според упатството на кесичката и процедете ги. Во подлабоко тенџере растопете го путерот, па во него пропржете го брашното. Додајте млеко и гответе додека смесата да се згусне.

Додајте крем сирење, рендан кашкавал и милерам. Додајте ги и сварените и исцедени макарони, па убаво промешајте.

Вака приготвените макарони истурете ги во намастена тепсија и печете ги во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути.