Највкусните топли сендвичи: Појадок или вечера за само 10 минути!

Многу вкусни лепчиња, се приготвуваат за многу кратко време.

Потребни состојки:

150 г рендан кашкавал
150 г шунка сечена на коцки
2 тријаголници топено сирење (зденка)
2 лажици мајонез
1 јајце
1 прстофат оригано
200 мл јогурт
леб исечен на парчиња (приближно 8)
200 мл млеко

Постапка:

Парчињата леб се натопуваат од двете страни во млеко.

За фил: ги мешаме сите состојки и добро ги промешуваме со јајца, јогурт, мајонез.

Плехот од рерна треба да се обложи со хартија за печење и малку да се намасти со путер.

Натопените лепчиња се редат во плехот и врз нив се става од приготвениот фил.

Се печат во загреана рерна на 200 степени додека малку да фатат коричка.

Претходна статијаРиниса се роди по втор пат во клиничката болница Жан Митрев – бескрајна благодарност за спасениот живот
Следна статијаМногу ги сакаме тестенините, а ова ни е омилениот рецепт