Многу интересна идеја, доколку сакате нешто ново и интересно да приготвите за вашите најмили.

Потребни состојки: 8 тенки кори за пита, 500 г фета сирење, 300 г макарони, 150 г кисела павлака, 150 г рендана шунка, 5 јајца, 300 мл млеко, 50 мл масло, сол, сува зачинска мешавина по вкус

Постапка: Макароните обарете ги во солена вода како што тоа го правите вообичаено или според упатството на амбалажата. Фета сирењето издробете го рачно, па измешајте го со ренданата шунка и киселата павлака. Посолете и зачинете по вкус.

Посебно изматете ги јајцата, па додадете го млекото во нив и оваа смеса додадете ја во мешавината од сирење, шунка и павлака. На крај измешајте ги макароните со приготвениот фил и оставете ги неколку минути да впијат.

Тркалезен калап со обрач или тркалезна тепсија 26 см намастете со масло, па на дното ставете 4 кори за пита така што краевите да им висат вон тепсијата. Секоја испрскајте ја со малку масло.

Истурете го приготвениот фил и прекријте го одозгора со остатокот од корите. Краевите од корите кои висат префрлете ги преку другите и повторно испрскајате со малку масло. Ставете да се пече во загреана рерна на 180-200 степени околу 45 минути или додека да добие убава боја.