За празнично мени, како фин десерт за на крај од ручекот, да ги размазите гостите и да уживате во секој залак!

Потребни состојки:

8 јајца
8 лажици шеќер
8 лажици мелени ореви
4 лажици брашно

за фил:

4 јајца
8 лажици шеќер
1 ванилин шеќер
250 г путер или маргарин
150 г грилијаш (како се прави има објаснување подолу)
100 г чоколадо

за гријаЖ:

200 г шеќер
150 г ореви

постапка:

Изматете пенасто белки, додавајте постепено шеќер, па откако ќе добиете цврст снег, продолжете со матење и додавајте една по една жолчка. На крај внимателно со лажица додајте го претходно измешаното брашно со ореви. Мешајте полека со лажицата за да остане воздушеста смесата. Во оваа смеса нема прашок за печиво, а кој сака може да стави еден прстофат.

Смесата рамномерно се распоредува во големиот плех од рерна кој претходно сме го обложиле со хартија за печење. Испечете ја кората на 180 степени и додека е топла свиткајте ја во ролат со помош на влажна кујнска крпа.

За фил: на пареа сварете пенасто изматени јајца со 8 лажици шеќер. Кога ќе излади додајте путер и ако е потребно додајте уште малку шеќер во прав. Измиксајте убаво и филот поделете го на два дела и уште малку оставете на страна за премачкување.

Во едниот дел од филот додајте сомелен или ситно искршен гријаж, а во другиот дел додајте растопено чоколадо.

Кората одвиткајте ја, па прво премачкајте ја со филот од чоколадо, а преку него ставете го и филот со гријаж, па повторно убаво свиткајте го ролатот.

Целиот ролат одозгора премачкајте го со филот што го тргнавме настрана и наросете со преостанатиот гријаж. Кога ќе излади сечете го на тенки парчиња.

За гријаж или крокант: растопете го шеќерот како за карамел, внимавајте да не ви загори. Кога ќе се растопи и добие карамелова боја, додајте ги оревите и потоа смесата истурете ја врз чинија премачкана со масло. Кога смесата ќе излади и ќе се скамени, искршете ја и иситнете ја во аван или сомелете ја во блендер или во машина за мелење.

Ролатот е многу вкусен, како некоја фина торта, а ако сакате повеќе фил, слободно можете да додадете уште 100 г путер и исто толку шеќер во прав. Мислам дека ќе ви се допадне.