Називите “веге бургер” и “вегански колбас” наскоро може да бидат забранети во Европска унија.

Европскиот парламент ќе разговара со фармерите за спорните називи “веге бургер” или “вегански колбас”, а на рестораните и продавниците во Европска унија наскоро би можело да биде забрането користењето на овие поими при рекламирање на прозводите.

Фармерите нагласуваат дека мора да се воведат вакви мерки за да се заштитат потрошувачите од забуна.

Од медицинските и еколошките кругови, како и од растечката вегетаријанска индустрија, истакнуваат дека тоа е чекор назад во заедничките цели за заштита на човековата околина и одржливиот развој.

Освен забрана на наведените поими, се бара и забрана за користење на изразите шницла, одрезок, колбас, бургер и хамбургер за безмесни производи.

Веќе три години е забрането користење на изразите “соино млеко” и “веганско сирење”, со објаснување дека називите млеко, павлака, путер, сирење и јогурт не смеат да се користат за производи кои не се млечни.