Фото и рецепт: Веселка Кузмановска – Вртено печиво.

Рецептот за ова “вртено печиво” меко како душа, со многу декоративен изглед, ни го претстави нашата драга членка Веселка Кузмановска во групата НМД рецепти.

Потребни состојки:

180 мл јогурт
100 мл млеко
50 г растопен путер
1 јајце
1 белка
1 лажичка сол
1 лажичка шеќер
1 сув квасец
600 г брашно

и уште:

путер за премачкување на корите
кашкавал, кечап, шунка печурки, оригано.. за фил
жолчка за премачкување
сусам за наросување

Постапка:

Во подлабок сад ставете го брашното, во средината додадете млако млеко и јогурт на собна температура, шеќер и квасец, јајцето и белката, како и растопениот и изладен путер.

Замесете убаво меко и мазно тесто, покријте го и оставете го да стасува додека да ја удвои големината. Стасаното тесто малку премесете го, па поделете го на четири делови.

Од секој дел со оклагија развлечете кора со правоаголна форма. Преку целата површина премачкајте ја кората со омекнат путер и рендан кашкавал. Развлечете уште една таква кора, премачкајте ја само со путер, а потоа со премачкната страна преклопете ја првата кора со кашкавалот.

Кората исечете ја на ленти, редете една врз друга по две ленти и увртувајте ги. На истиот начин постапете со другите две кори, но овојпат можете да ставите како фил: кечап, унка, печурки и оригано.

Вртените печива наредете ги во плех обложен со хартија, оставете ги малку да одморат, премачкјате ги со жолчка и наросете ги со сусам, па печете ги во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути.

Фото и рецепт: Веселка Кузмановска