Рецепт и видео презентација на Мои Домашни рецепти – Брз колач без печење

Ова е еден вид на брз чискеј за кој нема потреба од печење, а целиот е кремаст. Во комбинација со шумското овошје одлично освежува.

Потребни состојки:

250 г шумско овошје (смрзнато), 3 супени лажици шеќер, 300 г мелени бисквити, 200 г растопен путер, калап за торта 24 см.

За крем:

250 г крем сирење, 300 г слатка павлака, 100 г бело чоколадо

Постапка:

Шумското овошје ставете го на оган да се растопи и додадете 3 лажици шеќер. Мешајте додека убаво да се свари, околу 10 минути. Оставете го на страна да излади.

Во длабок сад ставете ги мелените бисквити, па во нив додадете го растопениот путер. Промешајте додека да се изедначат, а смесата рамномерно натапкајте ја на дното од калап за торти 24 см.

Во сад за матење ставете 250 г крем сирење и во него додадете 300 мл слатка павлака. Матете со миксер 5 минути додека убаво да се соединат во свиленкаст крем. Потоа додадете 100 г рендано чоколадо и уште малку изматете.

Кремот рамномерно распоредете го врз бисквитната подлога и израмнете. Одозгора прелијте го шумското овошје. Тортата оставете ја во замрзнувач 30 минути или во обичен фрижидер, најдобро преку цела ноќ. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: