Мешам млеко и вода и ги правам овие многу вкусни сирењачиња…Од свекрва ми научив многу едноставен метод како на полесен начин да добиете лиснато печиво, а без да потрошите многу време на чекање. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 200 мл):
1 чаша млако млеко
1 чаша млака вода
1 лажичка сув квасец 5 г
1 лажичка сол
5 чаши брашно 500 г
За маснотија:
100 г растопен путер
60 мл масло
За фил: сирење+рендан кашкавал
За премачкување: жолчка + 1 лажичка масло
ПОСТАПКА:
Замесете меко тесто кое не се лепи на рака. Поделете го на 4 топчиња и оставете да одморат 20 минути.Рразвлечете ги во тенки кори од 40 см и наредете ги една врз друга, притоа секоја премачкајте ја со маснотија.
Кога ќе ги споите сите 4 во една кора, започнете малку по малку да ја развлекувате тегнејќи по краевите, за да добиете една голема, тенка, правоаглеста кора. Новите површини при диплењето намастувајте ги.
Посипете ја со ситно сирење помешано со кашкавал и здиплете ја во долгнавест правоаголник. Исечете тенки лентички и наредете ги во лесно намастен плех . нежно притиснете ги одозгора со прстите.
Премачкјате ги со жолчка и печете ги во загреана рерна на 190 степени додека убаво да заруменат. Постапката погледнете ја ОВДЕ:
https://youtu.be/oTA1_QF_YyE?si=7JHegBtIAwv7fQsx