Home ТЕСТО МЕКИЦИ-ТИГАНИЦИ…Меки како душа…Помешајте само вода и брашно…

МЕКИЦИ-ТИГАНИЦИ…Меки како душа…Помешајте само вода и брашно…

МЕКИЦИ-ТИГАНИЦИ…Меки како душа…Помешајте само вода и брашно…Еве што ви е потребно за да ги приготвите:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (Се мери со чаша од 200 мл):

2 чаши млака вода
4.5 чаши брашно
1 кесичка сув квасец 7 г
2 лажици шеќер
1 лажичка сол

ПОСТАПКА:

1.Во млака вода растворете ги квасецот и шеќерот, па додајте го брашното помешано со солта. Мешајте со лажица додека да се соединат состојките во меко, лепливо тесто. Покријте го и оставете го 30 минути да ферментира.

<

2.Стасаното тесто не треба да го премесувате.

3.Дланките намастете ги со масло, па полека кинете од тестото, малку како да го тегнете, па обликувајте ги меѓу дланките и спуштајте ги во длабоко, загреано масло на умерена температура.

4.Со лажица или шпатула полевајте го со врелото масло, а кога ќе зарумени од долната страна, свртете ја мекицата и од другата страна.

5.Пржените мекици вадете ги врз хартиена салветка. Постапката погледнете ја ОВДЕ.