Меки уштипци за појадок
Подгответе се за вкусен и брз појадок со овие меки уштипци, кои се идеални за утринско уживање без долго чекање.
Овој рецепт не бара квасец, а тестото е готово за пржење веднаш по подготовката.
Со крцкава обвивка од сусам и мека внатрешност, овие уштипци ќе станат омилени на вашата трпеза, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки:
– 2 јајца
– 1,5 лажичка сол
– 400 г густ јогурт (или кисела павлака)
– 450 г брашно
– 20 г прашок за печиво (за слатки или солени јадења)
– 200 г сусам
– 200 мл масло за пржење
– НМД
Постапка:
1. Во подлабок сад скршете ги двете јајца, додајте 1,5 лажичка сол и изматете ги со маталка додека да се добие хомогена смеса.
2. Додајте 400 г густ јогурт (или кисела павлака) и мешајте додека смесата се изедначи.
3. Постепено додајте 450 г брашно и 20 г прашок за печиво. Мешајте со лажица или маталка за да се соедини смесата, а потоа замесете го тестото со раце. Тестото треба да биде меко, компактно и лесно лепливо.
4. Поделете го тестото на 6 еднакви дела и обликувајте топчиња. Лесно посипете ги со брашно за да не лепат при обработката.
5. Секое топче сплескајте го со рака или развлечете го со оклагија во тенка кора со големина на чинија. Обложете ја кората од двете страни со сусам, притискајќи лесно за да се залепи.
6. Исечете ја кората на четири триаголници и секој триаголник избоцкајте го со виљушка за да не се надува при пржењето.
7. Загрејте 200 мл масло во длабока тава на средна температура. Пржете ги уштипците додека добијат златно-кафеава боја од двете страни, внимавајќи да не го прегреете маслото.
8. Откако ќе се испржат, извадете ги уштипците на хартија за да се впие вишокот масло.
Сервирајте ги топли, со јогурт, сирење или омилен додаток. Добар апетит! Постапката погледнете ја во видео рецептот ОВДЕ:
https://youtu.be/Grmb1skVP0I?si=mYT1bswoRkTlBr8n