Мека погача со кисело млеко која ќе ја имате на вашата трпеза за 30 минути – мека, сочна, вкусна

Без квасец! Многу лесна подготовка…

Потребни состојки: 300 г брашно, 3 јајца, 250 мл кисело млеко или густ јогурт, 150 мл млеко, 100 мл масло, 1 прашок за печиво и 1 лажичка сол

Постапка: Во една вангла ставете го брашното, прашокот за печиво и солта, па промешајте и додадете ги останатите состојки. Тепсијата подмачкајте ја и истресете го тестото.

Рерната вклучете ја на 220 степени и кога ќе се загрее, ставете ја погачата да се пече додека убаво да зарумени. Послужете додека е топла со кајмак, домати, младо кромитче… Целата постапка можете да ја погледнете во видеото:

Претходна статијаЦилиндри со ореви, се печат за 12 минути
Следна статијаКупус кифли, вкусни и миризливи