МАКЕДОНСКА ПИТА-ПАЛЕНТА: Брза излеана тенка пита со тиквички, многу вкусна и лесна

Баба ми која потекнува од Егејот ме научи да ја приготвувам оваа пита. Таа велеше дека во нашето семејство постои традиција девојчињата да учат да месат тесто и да прават разни пити уште од мали нозе. Таа често месеше и ми откинуваше мали парчиња за да можам и јас да ја учам оваа вештина. Првата пита која ја направив беше најлесна од сите: излеана пита со тиквички и пченкарно брашно.

пита со тиквички – рецепт 2




Оваа пита во различни краишта е позната под различни имиња, а баба ми ја нарекуваше „зимаропита“, „гола пита“, „колиобаропита“ или „македонска палента“. Можеби вам ви е позната под некое друго име, а доколку не сте ја пробале досега, препорачувам да ја направите и да ја пробате, нема да се покаете. Еве што ви е потребно (две верзии):




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ -РЕЦЕПТ 1: 800-1 кг рендани тиквички, 4 јајца, 400 г фета сирење или друго ситно солено сирење, околу 300 г пченкарно брашно (може и мешано со бело), 50-100 мл маслиново масло (по вкус, некој сака помасна), околу 100 мл млеко, сол и црн пипер по вкус




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ -РЕЦЕПТ 2: 4 млади тиквички со средна големина, 200 г фета ситно сирење (или сирење по избор), 1 јајце со средна величина, приближно 320 г , 250 г густ јогурт или кисела павлака, 5 млади гранчиња мајчина душичка (само ливчињата), 10 свежи листови нане, 150-200 мл вода, 4-5 лажици маслиново масло, сол и црн пипер по вкус




ПОСТАПКА – РЕЦЕПТ 1: Тиквичките измијте ги и изрендајте ги. Баба ми не ги цедеше, туку наместо да додава вода, го оставаше нивниот сок. Во длабок сад изматете ги јајцата, па додадете го брашното и изедначете.

пита со тиквички – рецепт 2




Додајте го ситното сирење, малку масло по вкус, па постепено додавајте млеко до посакуваната густина, да добиете тесто како густа каша. Додајте ги ренданите тиквички, посолете и запиперете по вкус. Намастете го плехот на дното и ѕидовите па ставете го 10-тина минути да се загрее во рерна на 180-200 степени.




Излејте ја приготвената смеса, изремнете и ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени околу 45-60 минути или додека да зарумени. Имајте во предвид дека питата не треба да биде подебела од 1 см кога ќе ја излеете за печење. Еве ја постапката за вториот рецепт:




ПОСТАПКА РЕЦЕПТ 2: тиквичките измијте ги и изрендајте ги на крупното ренде. Можете да ги оставите да се цедат, но не мора (само прилагодете ја густината на тестото). Потоа додајте ги јајцата, маслиновото масло, јогуртот и убаво промешајте со рачна маталка.




Откако смесата ќе стане хомогена, додајте го брашното постепено, а потоа наизменично додавајте и вода за да ја постигнете густината на густа каша или густо тесто. најпосле додајте го фета/ситното сирење, посолете и запиперете по вкус, па додајте ги и ситно сечканите свежи билки.




Наместо билки може да додате една рака ситно сечкан спанаќ или блитва, или пак една китка млади зелени кромитчиња. Ставете го плехот да се загрева 10-тина минути во рерна на 180 степени, претходно намастен на дното и ѕидовите, па излејте ја смесата и израмнете.




За оваа количина доволен е плех со димензии од 25х35 см, а може да користите и тркалезна тепсија или калап по желба. Внимателно извадете го загреаниот плех, излејте ја смесата, израмнете и одозгора наросете малку маслиново масло и црн пипер (или кој сака може и сусам), па ставете да се пече околу еден час или додека да зарумени. Печената пита оставете ја да се олади 15-тина минути, а потоа сечете ја и послужете ја.

Претходна статијаКога немам време или сум уморна ја правам ОВАА ПИТА ОД 4 СОСТОЈКИ: Брзо, евтино, вкусно и заситно, прсти да излижеш
Следна статијаСочен ролат со вишни и пудинг од ванила и готови кори, виткате, филувате и готово е