Home ТЕСТО Лиснати стапчиња од квасно тесто…Одлични, меки, лиснати и превкусни, сите го сакаат...

Лиснати стапчиња од квасно тесто…Одлични, меки, лиснати и превкусни, сите го сакаат рецептот…

Лиснати стапчиња од квасно тесто, рецепт и фотографии на ИВАНА.

Овие лиснати стапчиња од квасно тесто се вистинска ужина за сите пригоди – меки, ароматични и со богат вкус кој ги освојува сетилата.

Совршени за семејни собири, забави или едноставно како уживање со шолја кафе, овој рецепт е едноставен, а резултатот е импресивен, пишува НМД.

Подгответе ги и уживајте во секој залак! Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ

За тестото:
– 300 мл млако млеко
– 20 г свеж квасец (половина коцка)
– 2 лажици шеќер
– 1 лажичка сол
– 5 лажици маслиново масло (или сончогледово масло)
– 600 г брашно (плюс дополнително за посипување)
– НМД
– Омекнат маргарин за премачкување

За филот:
– 200 г здробено фета-сирење или зрел домашен кашкавал
– 150 г омекнат маргарин

За премачкување:
– 1 јајце
– сусам (по желба, за посипување)

ПОСТАПКА:

1. Подготовка на квасецот: Во 50 мл млако млеко (одвоено од предвидените 300 мл) издробете го квасецот, додајте една лажица шеќер и промешајте. Оставете ја смесата да отстои 10 минути на топло место за да се активира квасецот.

2. Месење на тестото: Во сад за месење истурете го преостанатото млако млеко, додајте го маслиновото масло, солта, преостанатиот шеќер и активираниот квасец.

Постепено додавајте го брашното и мешајте со лажица или шпатула додека да се формира меко тесто кое не се лепи за садот. Покријте го тестото со чиста крпа и оставете го на топло место да нарасне 30–40 минути.

3. Формирање на лиснатото тесто: Нараснатото тесто поделете го на 5–6 еднакви топчиња. Секое топче раcукајте го во тенка кора, премачкајте го со омекнат маргарин и редете ги корите една врз друга.

Последната кора не ја премачкувајте со маргарин. Наслоеното тесто раcукајте го во правоаголна форма со дебелина од околу 0,5 см.

4. Филување и обликување: Раcуканото тесто премачкајте го со здробеното фета-сирење. Преклопете го тестото на половина, оставајќи мал дел непрекриен, па тој дел вратете го назад и притиснете за да се залепи.

Исечете го тестото на ленти со ширина од околу 2 см. Секоја лента завртете ја неколку пати за да добиете спирален облик и наредете ги во плех обложен со хартија за печење.

5. Второ нараснување и премачкување: Оставете ги стапчињата да нараснат уште 15 минути. Потоа, премачкајте ги со разматено јајце и по желба посипете ги со сусам.

6. Печење: Загрејте ја рерната на 220 °C. Печете ги стапчињата 15–20 минути или додека da добијат убава златно-кафеава боја.

7. Сервирање: Послужете ги топли или на собна температура за максимално уживање.

Овие стапчиња се одлични и кога ќе се изладат, а може да ги чувате во херметички затворен сад за да останат свежи подолго. Добар апетит! Постапката можете да ја погледнете на Инста-профилот на Ивана ОВДЕ:

https://www.instagram.com/p/DA6K5GfAJE_/?img_index=4&igsh=MTVieDg3ZzVkbGJpcw%3D%3D