Алергија е преосетливост на некои супстанции кои ги вдишуваме, доаѓаме во контакт со нив или ги внесуваме преку храна, додека алергиската реакција е одговор на имуниот систем на организмот кон внесените алергиски супстанции. По контактот со тие супстанции доаѓа до реакција помеѓу туѓите тела – алергените и сопствените тела – антитела.

– Антителата кои се одговорни за настанување на алергиските реакции припаѓаат на групата на имуноглобулини Е (ИгЕ). Кога тие ќе се врзат за мастоцитите се ослободува хистамин кој доведува до зголемена циркулација и ширење на кр-вните садови, контракција на мазната мускулатура и појава на симптомите, објаснува д-р Весела Христовска.

Алергијата од поленов прав се манифестира преку симптоми како: кивање, течна секреција од носот, чешање или боцкање во очите, носот или во грлото, зацрвенети очи, солзење на очите, темни кругови околу очите, кашлање.

– Многу тешки реакции поретко се појавуваат, а се манифестираат со оштетување на слузокожата во грлото. Најтежок облик на алергија од полен е бронхијалната астма. По ова се јавува оток на слузокожата во бронхиите и грч на органите за дишење, состојба што бара итна лекарска интервенција – вели докторката.

Вообичаено утврдувањето на алергиите се врши со посебни алерготестови. Точна дијагноза единствено врз основа на симптомите е тешко да се постави, бидејќи овие симптоми се јавуваат и кај други состојби, како на пример обична настинка.

Како да препознаеме дали станува збор за обична настинка или за алергиска? – Едноставно, обичната настинка трае приближно една недела, проследена е главно со температура и се јавува во студените месеци од годината.

Алергиската настинка се јавува напролет и трае со недели или со месеци, речиси никогаш не е проследена со температура, а проблемите се обично зголемени во определен дел од денот – вели д-р Христовска, за Ре-медика.

Важна улога во дијагнозата на алергијата покрај анамнестичките податоци и клиничката слика се и алерготестовите кои претставуваат кожно тестирање на инхалаторни и нутритивни алергени. Алерготестовите укажуваат на алергија на конкретниот алерген и креирање на вистинскиот план за лекување од страна на докторот.

Лековите кои ги даваат лекарите кога станува збор за алергија помагаат на тој начин што ги ублажуваат симптомите на алергијата, но не ја лекуваат. Затоа се користат средства за нејзино ублажување.

– Треба да се нагласи дека симптомите на оваа алергија, особено кај најмладите, не треба да се занемаруваат за да не дојде до појава на хронична астма. Пред сè, за третирањето на алергијата е потребно да се постави точна дијагноза.

Откако ќе се постави точна дијагноза дека се работи за алергија од полен се започнува со третирање на симптомите на алергија со медикаментозна терапија која вклучува: антихистаминици, кои го намалуваат кивањето, течењето на нос, чешањето, преку намалување на хистаминот во организмот (таблети, спреј за нос, капки за очи); деконгестиви (капки за нос и за очи); кортикостероиди (таблети, инјекции, инхалатори) – објаснува докторката.

Луѓето кои страдаат од алергиски реакции зависат од овие лекови за намалување на симптомите, но притоа често искусуваат разни нуспојави од нивното користење, како што е случај при користењето на кој било друг фармаколошки производ.

ПРИРОДЕН ЛЕК ЗА АЛЕРГИЈА НА ПОЛЕН

Пишува билкарот Мартин Најдовски – “Лек за алергија на полен”. За сите оние кои се алергични на полен и сакаат да го исчистат организмот од алергиите, овој е поволен лек да се користи од средината на месец јануари па сè до цветањето на билките односно месец април – советува билкарот.

“Се прави силен чај од коприва. Една полна рака сува коприва се попарува со 1,5 литар врела вода. Стои поклопено 20-30 минути, а потоа се процедува и се пие тој чај во текот на денот наместо вода. Чајот се пие 1 недела па се прават 2 дена пауза.

Тие луѓе што ќе вака ќе го приготвуваат и пијат чајот од коприва, нема да го осетат цветањето на билките ниту ќе имаат проблеми, бидејќи копривата е силен антихистамин, ја чисти крвта и го подига имунитетот. Во чајот можат да се додадат 5 – 6 каранфилчиња бидејќи и тие се антихистаминици.

Конзумирањето на чај од коприва во текот од 3 месеци, по рецептот опишан горе, може успешно да излекува бронхијална астма засекогаш.” – заклучува билкарот.