Home ТЕСТО ПОДОБАР И ОД ПЕКАРА: Како да направите совршен турски „Екмек“ леб дома...

ПОДОБАР И ОД ПЕКАРА: Како да направите совршен турски „Екмек“ леб дома (РЕЦЕПТ)

ПОДОБАР И ОД ПЕКАРА: Како да направите совршен турски „Екмек“ леб дома (РЕЦЕПТ)

Заборавете на купечкиот леб полн со адитиви кои брзо се суши. Откако ќе го откриете овој традиционален турски метод за подготовка на познатиот „Екмек“ леб, вашата рерна ќе работи секој ден.

Тајната на овој рецепт лежи во неверојатно едноставната постапка која успева секому, дури и на почетниците во кујната. Резултатот е совршено мек леб со крцкава коричка и воздушеста средина што мириса на традиција.

Подгответе се за неодолив вкус кој ќе ги воодушеви сите домашни уште со првиот загриз!

Печењето леб е едноставно. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки:

500 мл млака вода
1 лажица сув квасец
1 лажичка шеќер

<

Почекајте 5 минути за да се активира квасецот, па додајте:

700 г брашно (тип 500)
1 лажичка сол
4 лажици маслиново масло

ПОСТАПКА:

Замесете помеко тесто, прво со 600 г брашно и лажичка сол, а потоа додајте ги преостанатите 100 г и домесете. На крај сипете го маслото. Покријте го и оставете го да нарасне 60 минути.

На набрашнета површина поделете го на два дела, обликувајте топки и оставете да одмори 10-15 минути. Обликувајте го лебот и оставете да нарасне додека рерната се загрева на 220 степени.

Премачкјате го со вода и посипете го со пченкарно брашно или палента. печете го 30-тина минути во добро загреаната рерна. Погледнете го видео рецептот со подготовката ОВДЕ: