Колку и да направам, ниедно не останува за следниот ден…Многу вкусни домашни питички…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 200 мл и мала чајна чаша од 110 мл):
За тесто:
1.5 чаша топла вода
1 мала чајна чаша кисело млеко/к.павлака/цврст јогурт
1 кесичка прашок за печиво
1 лажичка шеќер
1 лажичка сол
5 чаши брашно
За маснотија растопете:
150 г путер
За премачкување одозгора:
1 жолчка
1 лажичка млеко или масло
ПОСТАПКА:
Од наведените состојки замесете средно меко тесто. Потребно е добро да го изработите, 6-10-тина минути за да добие на еластичност. Потоа поделете го на 8 топчиња. Покријте ги тестата да одморат 10-тина минути.
На набрашнета површина со сyкало развлечете колку можете поголем, тенка кора. Преку цела површина посипете растопен путер и премачкајте со силиконска четка. Поклопете со втора кора, па и неа намастете ја.
Кората преклопете ја од едната и од другата страна, да добиете правоаголна форма, намастете малку одозгора, па свиткајте ролат. Постапката повторете ја со останатите кори, така што ќе добиете 4 ролати.
Завиткајте ги во кеса и оставете ги да одморат 20 минути во фриидер. Потоа секој ролат пресечете го на половина, па секое парче исправено сплескајте го надолу, притоа со прстите затворете го тестото.
Со оклагија малку развлечете ја секоја питичка. Наредете ги во плех обложен со хартија, покријте ги и оставете ги да одморат 10-тина минути. Премачкјате ги со жолчка, направете шари со виљушка и посипете ги со сусам.
Печете ги 30-тина минути во загреана рерна на 200 степени додека да заруменат. Постапката погледнете ја ОВДЕ: