Овен

Овој знак е многу реален и цврсто стои на земја и најчесто го вознемирува Рибата, бидејќи има силна интуиција и невозможно е од неа да се скријат многу нешта. Покрај тоа, Рибите се малку во својот свет и кај нив нема одредени правила, а тоа е во тотална спротивност со Овните.

Бик

Нему друштвото на Овнот најмалку му одговара од сите хороскопски знаци. Овнот е наметлив и експлозивен, и во состојба е побрзо да дојде до целта од Бикот.

Близнаци

Тие се познати по нивната нетрпеливост и лоша организација, така што се чувствуваат најлошо во друштво на Бик кој е многу трпелив и смирен, а целта доаѓа полека и плански.

Рак

Припадниците на овој знак, најмногу сакаат да ги избегнуваат Близнаците, бидејќи се премногу разумни за нив. Раковите се склони кон драматизирање и често поради нивните чувства не можат разумно да заклучуваат и да ја согледаат реалноста.

Лав

Раковите се тие кои на Лавот му одат на нерви затоа што се склони кон драматизирање. Поради Раковите се чувствуваат помалку доминантни иако ги сметаат за послаби. Ги збунуваат нивните нереални чувства.

Девица

На тврдоглавата Девица најмалку и одговара Лавот затоа што сака секогаш да биде во право. Не и се допаѓа дури ниту неговиот однос кон парите – не внимава колку троши.

Вага

Вагите се згрозени од логичкиот начин на размислувањето на Девицата и нејзината склоност да го планира секој чекор во животот. Вагите сакаат добро да размислат за секоја ситуација, а на Девиците тоа им оди на нерви, бидејќи нивниот мозок работи побрзо.

Скорпија

Овој знак не се чувствува добро во друштво на Вагата која е многу шармантна и секогаш се во нејзина сенка. Ако се во исто друштво, Вагата брзо ќе го привлече целото внимание кон себе, а Скорпијата ќе се почувствува загрозена.

Стрелец

Припадниците на овој знак сакаат да бидат безгрижни, а светот околу себе го гледаат во весели бои. Затоа најмалку им одговараат луѓе во знакот на Скорпија кои се склони на мрачни теми преплетени со мистични детали.

Јарец

Јарците се склони кон внимателно планирање и контрола на сè. Токму затоа им пречат Стрелците кои се целосна спротивност – тие повеќе се потпираат на среќата и секогаш веруваат дека сè ќе заврши добро.

Водолија

Тие живеат во сопствен свет, без премногу брзање и нервоза околу сè и сèшто. На припадниците на овој знак во никој случај не им се пријатни луѓето родени во знакот на Јарец, бидејќи се премногу реални и далеку се од сонувања.

Риби

Рибите најмногу ги иритира Водолијата, не им се допаѓа нивниот начин на размислување и често се во конфликт. Од сите знакови на зодијакот токму Водолиите најмногу им го расипуваат расположението, бидејќи понекогаш не можат да ги предвидат нивните потез