Home Uncategorized Чудотворен напиток од чиа семе и лимон за чистење од токсини

Чудотворен напиток од чиа семе и лимон за чистење од токсини

Лимонот е вистинско злато од природата, богат извор на витамин Ц и одлично средство за детоксификација на организмот! Но што се случува во организмот кога ќе испиеме комбинација од лимонада и лековито чиа семе?

​

Чиа семето е познато како семе на здравјето, бидејќи на телото му ја враќа силата и го јакне имунитетот.

​

Меѓутоа, едно од најважните негови дејства е тоа што го забрзуваат метаболизмот и помагаат во елиминацијата на вишокот килограми. Чиа семето е пребогато со омега 3 киселини, а идеални се за сите оние кои сакаат да се хранат здраво, бидејќи не содржат глутен.

​

Овој напиток се нарекува енергетска бомба, бидејќи вашето тело само после чаша ќе почувствува бран од енергија и сила, додека токсините постепено ќе исчезнуваат од организмот.

​

<

Потребни состојки:

​

1 шолја вода

1 исцеден лимон

1 лажичка јаворов сируп (може и мед)

1 лажичка чиа семе

​

Постапка:

​

Сите состојки измешајте ги оставете ги да отстојат во чаша 10-тина минути. Потоа слободно препуштете се на уживањето во овој природно енергетски напиток!