ПОУЧНА ПРИКАЗНА за мудроста на старите. Дали е подобро да возвратиме на навредите и едноставно да си премолчиме? Прочитајте ја оваа поучна приказна, можеби ќе ве натера на размислување.

Еден мудар човек кај кој за совет доаѓале многу луѓе од најразлични места, важел за човек кој е многу смирен и кој невозможно било да се навреди.

Слушнал некој злобен човек за тоа и решил да го тестира мудрецот. Кога отишол кај него започнал да го вреѓа и понижува најмногу колку што можел. Кога немал веќе со што да го понижува и навредува, за момент застанал и се зачудил како мудриот и понатака останал смирен и прибран.

Тоа многу го налутило злобниот човек и започнал уште пожестоко да го навредува и понижува мудриот човек, но тоа воопшто не го допирало него.

Кога останал веќе без ништо што можело да го навреди и кога останал без енергија понатака да продолжи, решил да му пријде и да ја дознае тајната на неговото смирение.

“Ги разбирам твоите духовни работи, но зошто не застана и не се спротивстави на сите овие навреди и понижувања, и не ми врати?”

“Синко може ли да ти поставам само две прашања?, го праша мудриот прозборувајќи за прв пат.

“Секако”, одговорил човекот.

“Доколку ти мене ми донесеш подарок, а јас не го прифатам, кому тој подарок понатака ќе му припадне?” , запрашал мудрецот.

“Па доколку не го прифатиш подарокот, тогаш ќе ми припадне мене “, одговорил злобниот човек.

“Е сега синко, доколку ти за мене имаш само навреди и понижувања, а јас не ги прифатам, на кого понатака ќе му припаднат тие? ”
Одговорил мудриот човек се завртел и си заминал, а злобниот останал замислен.