Никогаш не претерувам, од оваа пита ќе бидете навистина воодушевени. Сите што ја пробаа беа восхитени од вкусот. Многу ја сакаме дома, па ја приготвувам речиси за секој викенд. Еднаш ја направив дури двапати во еден ден… Тестото е многу вкусно, а питата е многу сочна. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 чаша густ јогурт или кисело млеко (200 мл), 1/2 чаша масло (100 мл) 3 јајца, 1 чајна лажичка прашок за печиво (5 г), 1 чајна лажичка сол (8 г), 480 г брашно (4 чаши). И уште: скроб/нишесте/густин за наросување на корите. ЗА ПРЕЛИВАЊЕ: 1 чаша млеко (200 мл), 150 г растопен путер. ЗА ФИЛ: 400 г фета/ситно сирење

ПОСТАПКА: Во подлабок сад ставете три јајца, додајте 100 мл масло, 200 мл густ (грчки) јогурт или кисело млеко, 1 лажичка сол и промешајте со лажица или маталка додека убаво да се изедначат состојките.

Потоа на неколку наврати додајте го брашното, а некаде при крајот додајте една лажичка сода бикарбона. Мешајте со лажица додека може да се формира компактно тесто, а потоа замесете со рака.

Истресете го тестото на работна површина и без да додавате повеќе брашно месете го 5 минути додека убаво да омекне и да стане еластично. Тестото поделете го на 4 еднакви делови, а од секој дел формирајте топка.

Во еден сад ставете доволно скроб/нишесте, па наросете ја работната површина и изработете едно топче. Со помош на cyкало развлечете голема, тенка, тркалезна кора. Преку цела кора наросете скроб/нишесте.

Кората здиплете ја како плик (погледнете на фотографиите или во видеото подолу), а на секое превиткување наросувајте скроб. Кога ќе добиете коцка, секој агол превртете го кон центарот, а сите агли агли да се спојат во центарот. На овој начин ќе добиете повеќелиснато тесто без премачкување на корите со маргарин.

Постапката повторете ја со сите кори. Потоа земете едно здиплено парче тесто, па повторно развлечете го во голема тенка кора. Исечете го според големината на тепсијата во која ќе се пече. Кората ставете ја на дното од намастена тепсија (со путер, на дното и страните). Од вишокот исечете лентички, па и нив наредете ги врз кората.

Постапката повторете ја со втората кора и нанесете ја одозгора, па притиснете на краевите за да се спие со долната кора. Одозгора распоредете 400 г ситно сирење, па поклопете со уште две кори, сработени исто како и претходните две.

Исечете ја питата на коцки, па одозгора прелијте ја со млеко, а потоа и со растопен путер. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени додека да добие убава златна боја. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.