Тиквичките помагаат во исфрлање на течностите од организмот, што е многу важно во текот на летото, доколку сакате да направите детокс или да ги намалите килограмите. Во тој случај, оваа намирница треба да биде почесто присутна во вашите дневни оброци.

По рецептот на Валентина, направете го ова вкусно јадење за ручек, за кое таа вели дека од ваквата исхрана ослабела 20 кг. Тиквичките се нискокалорични, а можат да се подготват на многу вкусни начини. Ова јадење е многу слично на мусака, па дури и повкусно.

„Ова е одличен рецепт за губење на килограмите, особено на нас што ни е тешко да најдеме вкусни, но здрави рецепти,“ вели една читателка. Валентина во последно време споделува вакви рецепти за слабеење, кои се многу примамливи на вкус, а може да ги погледнете на нејзиниот јутјуб канал. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 тиквички – 600 г, 4 јајца, 200 мл јогурт, 30 мл масло, сол, црн пипер, оригано, куркума или кари, 4 лажици палента – пченкарно брашно, 4 лажици пченично брашно – интегрално, 1 прашок за печиво, 2 лажици семки: сусам, лен, тиква, чиа, ким, 200 г сирење, 50 г кашкавал кој лесно се топи.

ПОСТАПКА: Тиквичките не мора да ги лупите претходно доколку се млади, кај мене беа постари, па ги излупив, особено на местата каде лушпата беше задебелена. Пресечете ги двата краеви (јас употребив 2 тиквички). Потоа, изрендајте ги на рендето од страната со еден до два засеци, што е наменете за сечење на кругови или при подготовка на чипс.

Кога ќе ги изрендате, пренесете ги тиквичките во подлабок сад и посолете ги со 1 лажичка сол, па оставете да ја испуштат водата која е содржана во нив. Во меѓувреме подгответе ја основната смеса. Во друг сад скршете 3-4 јајца, во зависност од нивната големина.

Малку разматете ги со жица или маталка, посолете, па додајте 1 чаша млак јогурт. Лесно промешајте, па сипете 1/3 чаша масло. Запиперете по вкус, па зачинете и со други зачини како суво оргиано, куркума/кари… Промешајте и додајте 4 лажици пченкарно брашно.

Изедначете додека брашното да се впие во течностите и смесата малку да згусне, па додајте 4 лажици пченично брашно. При секое додавање на состојките промешувајте за да превенирате грутчиња. Додајте 1 кесичка прашок за печиво, па на крајот додајте семки по вкус, како: сусам, ленени семки, семки од тиква.

Соединете во еднолична смеса без поголеми грутки и издробете 200 г сирење. Внимавајте на количината на сол која ја додавате во тиквичките, бидејќи сирењето е многу солено. Промешајте лесно, па додајте ги исцедените тиквички. Измешајте додека сите тиквички да се натопат во смесата.

Вака подготвената смеса излејте ја во обложен калап (најдобро да користите со флексибилен обрач). Калапот во овој рецепт е со димензии 18х25 см, но може и слична големина (кружен или правоаголен). Израмнете ја смесата, па одозгора наросете 50 г рендан кашкавал, кој е лесно растоплив.

Вклучете ја рерната да се загрева на 200 степени, па пред да ја ставите питата, намалете на 180. Се пече 40-тина минути, првите 10-тина минути без фолија за да фати коричка, а потоа се покрива, да не загори. Послужете на парчиња, како за мусака. Деталите погледнете ги ОВДЕ.