Угледниот белградски професор по медицинска физиологија, д-р Дејан Чубрило, гостувајќи на телевизија во утринската програма откри многу тајни за функционирањето на нашиот организам, но и разби многу предрасуди.

Тој ги доведе во прашање и бројните совети од таканаречените светски експерти и холивудски ѕвезди кои ни нудат лесни решенија и супербрзи диети за витко тело и одличен изглед.

д-р Чубрило

„Да јадам колку сакам и што сакам и да изгледам како што сакам, а тоа нема да може!“, рече со насмевка д-р Чубрило рано утринава гостувајќи во ТВ Пинк и истакна дека нема брзи решенија и дека прво треба да се запознаете себеси и да видите кои се вашите слаби точки.

Нема брзи диети, нема брзи решенија, туку обука како да се храниме – вели д-р Чубрило, додавајќи дека по 35-тата година телото влегува во зона на стареење и повеќе не е исто бидејќи ја нема истата количина на ензими, хормони…

Со годините мораме да сфатиме дека мораме да промениме некои работи. Да, ќе изедеме нешто што е лошо за нас или поголема количина и тоа е сосем нормално, но мора да си го знаеме патот и самите себеси… Знаеме каде е автопатот, па и ако малку скршнеме на калдрма , брзо ќе се вратиме на вистинскиот пат“, објаснува д-р Чубрило.

Тој додава дека би било добро да се извадат параметрите за состојбата на нашите органи и хормони околу 20-тата година, а потоа да се остави да поминат 10 години, зашто младите на таа возраст не размислуваат за здравје или за болести, бидејќи тоа е сосема нормално за таа возраст.

Ама после околу 30 години да направиме пак анализа и да видиме до каде сме, а бидејќи ги имаме резултатите од состојбата на нашите органи од пред 10 години, тогаш можеме да споредиме каде сме со триесет и што треба да поправиме.

Веќе од тие години наваму гледаме дека веќе не можеме да правиме исто како порано, а здравјето, додава, не е само параметри, туку и колку зрачиме, бидејќи колку сме здрави, толку повеќе зрачиме од надвор.

За исхраната: Ако немате доволно ензими овде-онде, тогаш не можете да јадете ова и она.

Кога станува збор за исхраната, д-р Чубрило вели дека веќе на таа возраст прво треба да промениме колку јадеме и како ја комбинираме храната: „што оди со што и што можам да направам околу тоа.“

Некој не може да вари протеини, риба, месо, но денес имате толку многу диети од познати жени во светот кои советуваат да се јаде риба, месо и салати секој ден, но ако немаме ензими за тоа, а тоа е лесно се проверува, тогаш џабе е…

Треба сами да откриеме кои ни се слабите точки… Дали е желудникот, панкреасот, дебелото црево… Ако немате доволно ензими овде-онде , тогаш не може да се јаде ова и она“, вели д-р Чубрило, додавајќи дека ситуацијата е јасна.

За стресот

Умерениот стрес е корисен, малку да се разбудите, да ги размрдате работите, да го започнете животот! Оние кои спијат 10 часа и ништо не ги интересира, брзо завршуваат со болести, а оние кои се активни и постојано имаат нови цели се многу поздрави. Ако сте под стрес час или два, а потоа уживате, тоа е во ред, но ако тоа трае со часови, тоа е друга приказна.

Надуеност, вишок вода во телото и целулит

Еве еден парадокс… Во ординација ми доаѓа една слаба жена, дури и под килажата за својата висина, и ми вели докторе, срам ми е да ви кажам колку целулит имам… А работата е во фамозниот состав од протеини и амино киселини во клетките – вели д-р Чубрило појаснува:

Тоа ти е како еден сад, како шише во кое ставаш сунѓер и кога го имаш тој сунѓер, а во случајов тоа е протеинот во клетката, нема кој да привлече вода во тоа шише и си дехидриран.. Кога тој мускул не може да порасне, можете да вежбате до задутре, но ништо нема да се случи бидејќи протеинот не е влезен во системот.

Поентата е што не можете да го искористите тоа што сте го јаделе – да речеме дека имате луѓе кои јадат по 10 јајца на ден, што е страшно… Тоа е катастрофално и кај кoвид се покажа дека оние кои имаат голема мускулна маса се најподложни на кoвид…. Не ви треба мускул кој има огромна маса, туку мускул кој е силен, силен, издржлив.

И два литра вода дневно

Постојано слушаме од светот дека треба да пиеме по два-три литри вода дневно?! Еве што вели докторот за тоа…

Едноставно е неверојатно… Ги гледам жените во автобус, сите носат шишиња… Ама зошто носите толку шишиња, што се полевате со толку многу вода? Ако немате можност вашата клетка да ја прими таа вода, тогаш таа останува во меѓуклеточниот простор и дел од неа се исфрла со мокрење, а дел останува околу клетката.

Што е со нас кои никогаш не сме жедни?

Тоа значи дека сте добро хидрирани и дека клетката го добила она што и треба. Ако урината е светла, немате потреба од дополнителна вода… Следете го чувството на жед, тоа е знак дека сме дехидрирани, а ако урината е темно жолта, веднаш испијте 2 чаши млака вода.

Ако сакате, можете да ја варите, а ако не сакате, можете да ја филтрирате и да ја оставите во просторијата еден час за да се прилагоди водата на собна температура. Кога станува збор за оброците, доктор Чубрило не разбира кога луѓето се прејадуваат за ручек и јадат пита, па две-три парчиња месо, па две-три салати….

Доволно е едно парче месо и една салата – вели докторот. Што се однесува до вечерата, откри што зема навечер – пијам чаша вино и земам бадеми и толку. И ако сум навистина гладен, земам нешто ситно, само за грицкање.

Навечер не ви треба риба или месо, подобро е да ви остане манџа или супа од ручекот. За појадок се доволни само 4 лажици овесна каша. Не ми е јасно кој прави литар шејк и го пие, тешка болест е тоа!

Изедете јајце-две за појадок, а не 4-5, а ако сте гладни, јадете пак малку подоцна, а не сè одеднаш… Јајца со сланина никако, не се комбинираат масти со протеините! – заклучи д-р Чубрило.