„Ова е специјалната пита со компир од која целата куча замирискува неодоливо. Моите дома би ја јаделе секој ден ако им ја спремам. Денес ви ја презентирам нашата омилена „компир-пита“ со опоен мирис и вкус. Па, ако сте љубител на ваква пита, задолжително испробајте го овој рецепт“, вели Валентина Машковиќ. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за тесто: 600 г брашно, 1.5 лажичка сол, 250 мл вода. ЗА ФИЛ: 3 главици кромид, 3 црвени пиперки, 200 г суво месо, 1 кг компир, 1.5 лажичка сол, 1 лажичка мелен црн пипер, 100-150 мл масло. ЗА ПРЕЛИВ: 3 супени лажици кисела павлака, 50 мл масло, 100 мл течен јогурт, 1 мала лажичка мелен црн пипер

ПОСТАПКА: Во подлабок сад просејте го брашното, додајте сол, па во средината направете вдлабнување и започнете постепено да додавате вода. Секое брашно различно впива, па затоа водата додавајте ја постепено. Најпрво сипете приближно 200 мл, а остатокот малку по малку.

Замесете бесквасно тесто, средно по мекост, па уште малку доработете го на работна површина. Тестото поделете го на 4 еднакви делови, и ос декој обликувате топче. Оставете ги во чинија посипана со брашно и одозгора покријте ги со кеса за да не се сушат. Нека одморат најмалку 45 минути за да се опушти тестото.

Додека тестото одмора, пригответе го филот: исчистете го зеленчукот и излупете го, па исечкјате го колку можете поситно. Компирот можете да го исечкате на најситни коцкички или пак, да го изрендате. Дименото месо исто така, исечкјате колку можете поситно.

Сите состојки измешајте ги во подлабок сад и зачинете ги со сол, малку црн пипер и масло. Промешајте и оставете настрана додека го приготвувате тестото. Земете една топка тесто и ставете ја врз работен чаршав наросен со брашно. Развлечете 4 кори со големина на голема чинија.

Редете ги една врз друга, а помешу наросувајте брашно за да не се лепат. Оставете ги да одморат 1-2 минути, па започнете со развлекување на корите. Развлекувањето се прави со раце со подигната кора, започнувајќи од средишниот дел, па со свиткани тупаници се движи низ краевите во круг.

Постепено кората ќе се зголеми и ќе стане потенка, па спуштете ја врз чаршавот и продолжете внимателно да ја тегнете од секоја страна по малку. Кората треба да ја развлечете така што да излегува од краевите на масата. Обично краевите излегуваат малку задебелени, па добро е да се отстранат со отсекување или повлекување, како ви е полесно.

Врз целата површина распоредете четвртина од филот, па со подигнување на чаршафот од сите четири страни преклопете ја кората за да не излегува филот при виткањето и печењето. Потоа повторно со едно подигнување на чаршавот свиткајте ја кората во ролат.

Вака приготвените кори редете ги во плех намастен и обложен со хартија за печење. Питата одозгора премачкјате ја со масло, а рерната вклучете ја да се загрева на 200 степени. Додека питата се пече вие пригответе го преливот.

Во длабока чинија измешајте ги сите наведени состојки и зачинете со мелен црн пипер, а кој сака може да додаде и лукче. Кога питата ќе зарумени и ќе биде пред крај, извадете ја од рерна и премачкјате ја со приготвениот прелив. Вратете ја да се допече уште 10-тина минути и намалете ја температурата на 150 степени. Видеопрезентацијата на Валентина погледнете ја ОВДЕ.