Ги направив за појадок и веднаш се изедоа…Еве правам втора тура од овие вкусни и лесни полнети МЕКИЦИ…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 200 мл):

За тесто:
3 чаши топла вода
1 лажица сол
1 кесичка инстант квасец
6,5 чаши брашно или по потреба
1 лажица путер за домесување на тестото

ПОСТАПКА:

Од наведените состојки замесете меко и лепливо тесто. Додајте го путерот и продолжете со месење додека да се инкорпорира и тестото да се измазни и да стане помалку лепливо. Оставете го покриено да ферментира 1 час.

Истресете го врз набрашнета површина за да прими доволно брашно, да биде помалку лепливо. поделете го на 20 топчиња. Секое топче со прстите „боцкајте го“ да добиете тенка кора. Филувајте и затворете.

Пржете во умерено загреано додека да заруменат од двете страни. Постапката погледнете ја ОВДЕ:

https://youtu.be/YGLy4XHf2KA?si=y1gC7kIm5kvDqaEs