Home ТЕСТО Евтин рецепт за многу вкусен пица-леб…Откако го научив овој метод, секој ден...

Евтин рецепт за многу вкусен пица-леб…Откако го научив овој метод, секој ден го печам…

Евтин рецепт за многу вкусен пица-леб…Откако го научив овој метод, секој ден го печам…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

400 мл млеко
4 чаши брашно (600 г)
1 лажичка (5 г) сол
2 лажици шеќер 26 г
1 лажица 8 г квасец
1 лажица оцет
2 лажици масло

ПОСТАПКА:

Замесете тесто од наведените состојки, а кога ќе стане компактно сипете малку масло и месете го 10-тина минути или додека да се измазни и да стане еластично. Оставете го намастено и покриено да ферментира 45 минути, на топло место.

Стасаното тесто нежно премесете го и обликувајте го во топка, па со помош на дланките сплескајте го тенко како пица. Премачкјате го со масло и префрлете го сосе хартијата во плехот од рерна.

Направете засеци и зачинете го со ситно сечкан копар или магдонос, ситно сечкано лукче и рендан кашкавал.

Ставете да се пече во загреана рерна на 200°C 35 минути. Деталната постапка можете да ја погледнете во видеото ОВДЕ: