За важноста од поставување на граници при воспитувањето на децата зборуваше Ранко Рајовиќ, специјалист по интерна медицина, магистер по неврофизиологија и доктор на спортски науки. Најдобриот совет за родителство неодамна го добивме токму од д-р Рајовиќ кој можете да го прочитате овде.

д-р Рајовиќ

За тоа како тој лично ги воспитува своите деца зборуваше пред неколку години во емисијата „Ординација“ на РТС. „Мојот син Данило доби видео игра за својот 5-ти роденден, а бидејќи јас не се согласувам со тоа, децата да го поминуваат во играње на виртуелни игри, ја прашав роднината што му ја купи – зошто го направи токму тоа?

д-р Рајовиќ

Таа ми рече: „Па, Ранко, не биди примитивен, сите денес имаат видео игри, како ќе си игра со другите деца ако не знае ништо за ваквите игри?“. Па, можеби гледате каде тука е логиката и иронијата, кога тој ја игра таа игра сам“. Докторот вели дека решил да му дозволи на синот да си игра по половина час дневно, но набрзо тоа му излегло од контрола.

„Се обидов да му објаснам дека нема да има добра акомодација на очите (дека ќе си го расипе видот), дека ќе има проблеми со вниманието (концентрацијата) кога ќе почне на училиште, дека нема да може да чита подолго од 15 минути и дека тоа се нарекува дислексија…

Ми дозволи завршам со моите поуки и веднаш штом ја затворив устата ме праша: „Дали можам да играм сега?“. И тогаш согледав дека не вределе моите објаснување, совети и предупредувачки говор.

„Добро, му реков, бидејќи ме измами неколкупати, ќе ти го одземам ова додека убаво да се договориме околу правилата. „Тато, врати се, ќе се договориме.“ Веднаш почна да моли, а потоа го прашав:

„Добро, дали сакаш со ова да си играш еднаш или двапати неделно? „А нее, јас сакам секој ден“. „Еднаш или двапати неделно? Ако не се договориме, ќе ти го земам. Имаш 10 секунди за да одлучиш. 10, 9, 8…“ „Два пати.“ Потоа се договоривме, по истиот принцип, да биде половина час, понеделник и четврток. Го потпишавме договорот, кој го фотографирав.

Веќе следниот ден тој ме изневери. Му го зедов телефонот, плачеше со секаков вид на плачење. Следниот пат кога пак ме изневери, плачеше цел час. Дури и третиот пат не заплака. Тогаш веќе сфати дека постои вистинска граница и дека кога еднаш ќе ја помине, нема враќање назад.

Тоа е мудроста на родителството, поставувањето граници. „Родителите треба да се едуцираат, да читаат, да видат што е ново за да научат да се позиционираат на вистински начин“, тврди д-р Рајовиќ.

Не е проблем детето да гледа половина час во екран, а потоа да излезе надвор половина час или еден час да трча наоколу за некако да надомести. Проблемот е ако нема движење, а сè се сведува на гледање во екранот, тоа е главната порака што докторот сака да им ја испрати на родителите.

На прашањето кога е во ред да му дадете уред на детето, д-р Рајовиќ вели дека никогаш не би им давал на децата паметни телефони пред училиште, иако знае дека тоа е невозможно. „Детето има досадата како развоен фактор.

Кога му е досадно, мора да размислува, да измислува, да користи играчки за забава. Кога ќе го вклучиш цртаниот, не мора ништо да прави, проблемот со досадата е решен. На детето му се допаѓа, сака да ги реши сите проблеми така, токму сега. Исто како што цртаниот филм го решава проблемот со досадата веднаш и сега, во моментов“.

Зборувајќи понатаму за важноста на движењето кај децата, тој додава дека најважни предмети до 12 години се физичкото образование, музиката и уметноста. Основната активност е движењето, а мозокот се развива во движење, така што задача на детето е да се движи. Ако детето не може да се движи наназад, утре нема да разбере математика во минус.

Децата треба да бидат во движење од утро до вечер. Ова им овозможува да се развијат. Парк, игралишта. Колку повеќе им ги отежнуваме нивните движења, толку подобро тие ќе се развиваат. Одење по тесен раб, пентарење, тоа е она што им треба.

„Свесен сум дека не може секој ден да има физичко воспитување на училиште, но има начини да им се овозможи на децата квалитетен развој во редовната настава. На пример, некои учители со кои работам земаат ластик, ги поврзаат клупите со него, каде поминуваат децата и закачуваат ѕвона.

Потоа, кога детето оди до таблата, поминува оттаму, прескокнувајќи ги пречките и се враќа назад. Целта е да не заѕвони ѕвончето. На тој начин можете да го надоместите тој недостаток на движење“.

„Урош Петровиќ на една од неговите работилници смислил загатка: Каква е врската меѓу албатросот и бројот 40? Никој не знае, но нагаѓањата започнуваат:

Распон на крилата, дали е 40 dm? – Одлично набљудување, но не е, туку 35. Колку години живее албатросот? – Да, добро размислување, но тој живее покрај море, се храни здраво и живее долго. Дури и 80 години.

Лежи на јајца толку денови? – Одлична идеја, а бидејќи е голема птица, лежи долго време, 60 дена. Кокошката е помала, лежи 21 ден, а албатросот 60.

Така се учи. Секогаш кога ќе дадат одговор ги охрабрувам дека добро размислат, но кога ќе сфатат дека одговорот не е точен, ја чувствуваат таа возбуда како кога ќе отвориш подарок и не знаеш што има внатре, па не можеш да дочекај за да дознаеш. Децата ги паметат информациите добиени на овој начин, вака учат.

Не треба да им се даваат информации на послужавник какошто тое е пракса во училиштата. Патот до знаењето е многу важен. Кога подоцна ги прашав каков е распонот на крилјата, колку долго албатросот лежи на јајцата, сите одговорија едногласно и сите ги имаа запамтено тие информации. Инаку, албатросот може да лета 40 километри на час“.

Сè што ќе каже детето, секој одговор што го дава, треба да се охрабри. Кога ќе одговори погрешно, не мора ни да кажеш дека е неточно, доволно е да ги превртиш очите, и сои самото тоа да го обесхрабриш детето. Детето треба да се научи да размислува, тврди д-р Рајовиќ.

„Кога родителите имаат мали деца, тие ги купуваат оние заштитни приклучоци за струја. Што го научивте детето со тоа? Па ќе оди кај баба му и дедо му, кај тетка му..,а таму нема да има таква заштита.

Детето треба веднаш да се научи на причинско-последичната врска. Ако почне да ги пика прстите, подобро е веднаш да го „пецнете“ по прстите, за да разбере дека ако го допре штекерот ќе биде непријатно“, советува овој експерт за развој на деца.

Зборувајќи за тоа за какви занимања ги подготвуваме децата денес, д-р Рајовиќ потсетува дека од 10-те занимања кои се најбарани денес, девет од нив не постоеле пред 10 години. Тоа значи дека денес ги подготвуваме децата за занимања кои сè уште не постојат!

„Што ви говори тоа? Значи, нашата прва цел треба да биде да ги научиме децата да размислуваат“.