-Одредени пореметувања на сонот претставуваат предупредување за невролошки состојби кои може да се појават 15 години подоцна.

Доктор Џин Пивер од Универзитетот во Торонто дошол до податок дека 80% од луѓето со вакви одлики во текот на спиењето на крајот имаат проблем со централниот и периферниот нервен систем.

Пореметувањата во спиењето се предизвикани од нефункционалните клетки во мозкот. Овие клетки се активни неврони кои овозможуваат длабок сон или РЕМ.

Ако овие клетки функционираат нормално, тогаш телото во текот на спиењето ќе биде парализирано и нема да реагира на соновите кои ги имаме. Во спротивно, телото додека сонуваме ќе биде активно и ќе се движи во склад со настаните во сонот.

Доктор Пивер смета дека неактивноста на овие неврони доведува до Паркинсова болест, деменција, останати проблеми со мозокот, особено кај постарите луѓе.

Забележавме дека 80% од луѓето кои патат од пореметување на РЕМ сонот, развиле некој облик синуклеинопатија, како што е Паркинсоновата болест или деменција. Нашите резултати укажуваат дека пореметувањата во текот на спиењето значат појава на болести кои ќе се настанат 15 години подоцна – изјавил Пивер.

На овој начин експертите можат да ги препознаат проблемите пред тие да се појават. Лек за невродегенеративни болести не постои, но со усвојување на здрав начин на живеење би можело да се одложи почетокот на болеста.

“Дијагнозите за поремететување на РЕМ би можеле да ни овозможат на поединците да им обезбедиме превентивни акции, со цел ублажување и сузбивање на сериозни невролошки состојби – додава Пивер.