Home закуска Цела година не сум јадел месо…Со 3 тиквички и овес ја правам...

Цела година не сум јадел месо…Со 3 тиквички и овес ја правам оваа едноставна пита, многу вкусна и заситна…

Пита со тиквички и овесни снегулки

Оваа вкусна и едноставна пита со тиквички е совршен избор за оние што бараат здрава и лесна опција за оброк без месо и брашно.

Со комбинација од свежи состојки и овесни снегулки, ова јадење е идеално за семеен ручек или вечера. Подгответе ја брзо и уживајте во нејзиниот богат вкус, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки:

– 3 тиквички
– 1 врзоп свеж копар
– 1 главица кромид
– 2 чешниња лук
– 1 лажичка сол
– 1 лажичка италијански зачини
– 240 мл цврст јогурт или кисела павлака
– 3 јајца
– 200 г овесни снегулки
– 1 лажичка прашок за печиво
– 1/2 лажичка мелен црн пипер
– 150 г кашкавал
– НМД

Постапка:

1. Загрејте ја рерната на 180°C.
2. Исечкајте ги тиквичките на полумесечинки.
3. Ситно исечкајте го копарот и лукот, а лукот, исто така исечкјате го лентички.

4. Во голем сад, измешајте ги тиквичките, копарот, кромидот и лукот. Зачинете со сол и италијански зачини по вкус.
5. Во посебен сад, измешајте го јогуртот со јајцата додека да добиете хомогена смеса.

6. Додајте ги овесните снегулки, прашокот за печиво и црниот пипер во смесата со јогурт и јајца. Добро промешајте.

7. Изрендајте го кашкавалот и додајте две третини од него во смесата со тиквички. Останатата третина од кашкавалот зачувајте ја за посипување.

8. Измешајте ги сите состојки во садот со тиквички додека да се соединат рамномерно.

9. Префрлете ја смесата во тава за печење со пречник од 21 см, претходно намастена или обложена со хартија за печење.

10. Посипете ја површината со преостанатиот кашкавал.
11. Печете во загреана рерна на 180°C околу 35-40 минути или додека питата не добие златно-кафеава боја и цврста текстура.

12. Оставете ја питата малку да се излади пред да ја исечете и послужите.

Уживајте во оваа вкусна и здрава пита со тиквички, совршена за секој ден! Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:

https://youtu.be/-lesAU3ki2I?si=Sf4fqK0cOC3h6FvQ