Во времето на царот Констанс, синот на Свети Константин, кога беше патријарх Кирил Ерусалимски, во девет часот наутро над Голгота се појави Чесниот Крст и се простираше до небото над Елеонската Гора. Тој Крст беше посветол од сонцето и поубав од најубавото виножито.

Сиот народ, и верните и неверните, ги оставија своите работи и во с трав и со восхит гледаа во небесниот знак. Мнозина неверници се обратија во верата Христова, а исто така и многумина еретици аријанци ја оставија својата з лобна е рес и се вратија во православието.

За овој знак патријархот Кирил му пиша на царот Констанс, којшто и самиот клонеше кон аријанството. Тоа се случи на 7 мај 357 година. И во таа прилика се покажа дека христијанската вера не е во светските мудрувања според телесниот човечки разум, туку во силата Божја, објавена преку ч уда и знаци многубројни.

Чудесна молитва на чесниот крст:

Со крстот победувај, со крстот Христов спасувај се! Молитвата е секогаш богатство од чисти емоции и искрени зборови! Слава Тебе Господи! На Твојот Чесен Крст! Нека вос-кресне Бог и нека се раз-небитат не-пријателите Негови, и нека бегаат од лицето Негово оние што го мра-зат.

Нека исчезнат како што исчезнува чадот, како што се топи восокот во допир со огнот; така нека изги-нат ѓаво-лите пред лицето на оние кои го љубат Бог и се осенуваат со крсниот знак, и кои радосно говорат:

Радувај се, пречесен и животворен крсте господов, кој ги прогонуваш ѓаво-лите со силата на рас-пнатиот на тебе Господ нашиот Исус Христос, кој се симна во пе-колот и ја со-тре силата ѓа-волска, и кој нам ни те даруваше тебе, крстот свој чесен, за прого-нување на секој п ротивник.

О, пречесен и животворен крсте господов, помагај ми секогаш со светата владетелка, Дева Марија Богородица и со сите светци засекогаш. Амин.

Глас први: Спаси ги, Господи, Твоите луѓе и благослови го Твоето наследство. Дарувај им победа над не-пријателите на сите наши православни христијани и со крстот Свој заштити го Твоето наследство.

Со крстот побе-дувај, со крстот Христов спа-сувај се!