Брзи печива за појадок…толку многу се вкусни, што сите се изедуваат уште додека се топли…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2 чаши цврст јогурт или кисела павлака (400 мл)
1 чаша масло (200 мл)
2 јајца
2 кесички прашок за печиво 20 г
1 лажичка сол 10 г
5 чаши брашно 550 г

За фил:
200 г рендан кашкавал
1 жолчка+1 лажичка масло за премачкување
сусам за посипување

ПОСТАПКА:

1.Од наведените состојки замесете меко и нелепливо тесто со постепено додавање на брашното.

2.Намастувајте ги дланките во млку масло, кинете парчиња тесто и обликувајте 15 топчиња.

3.Со прстите сплескајте го топчето, во средината ставете рендан кашкавал, па заторете го и притиснете ги краевите на тестото за да се затвори како школка.

4.Подготвените печива наредете ги во плех обложен со хартија за печење, премачкјате ги со жолчка и ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 степени, 30 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://youtu.be/CBd34MQFEoo?si=5la6pBIsVYtE0-TC