Брз и вкусен појадок или вечера…МЕКИ „ШЕПИ“ СО СИРЕЊЕ
Барате брз, вкусен и лесен рецепт за појадок или вечера? Мекиците со сирење се совршено решение! Овие меки и златни печени „шепи“ ќе ве воодушеват со нивната едноставна подготовка и богат вкус. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
2 јајца
1 чаша јогурт (180-200 мл)
1 прашок за печиво (12 г)
200 г сирење (опционално 300–350 г за побогат вкус)
450-500 г брашно (Т400 меко)
1 лажичка сол
околу 300 мл масло за пржење
ПОСТАПКА:
Изматете гијајцата со јогурт и прашок за печиво, па додајте ситно сирење и на крај брашно и сол по вкус. Замесете тесто кое не се лепи за рака.
Развлечете кора на набрашнета површина со дебелина од 5 мм и приближни димензии 45х25 см. Исечете правоаголници со димензии 8х5.5 см. Секој праволаголник засечете го на 4-5 места
Загрејте го маслото во тава на средна топлина. Пржете ги мекиците додека да поруменат од сите страни. Извадете ги на хартиена салветка за да се исцеди вишокот масло.
Доколку сакате поздрава верзија, шепите можете да ги печете во рерна на 200°C околу 20 минути, претходно со четка намстени од долната и горната страна. Постапката погледнете ја ОВДЕ: